Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
На чудна егзопланета паѓа дожд од рубини и сафири
Џиновска егзопланета оддалечена од нас 855 светлосни години има толку екстремна атмосфера што на неа се наоѓаат облаци од испарен метал и ја посеипуваат дождови од течни рубини и сафири.
-
22.02.2022 - палиндром и амбиграм во едно - Еве што значи тоа
Денешниот датум е двојно редок, не само затоа што може да се чита исто нанапред како и наназад, туку и нагоре и надолу. Во 21 век има 29 палиндромски денови во европскиот формат на ден-месец-година. Првиот беше на 10 февруари 2001, а последниот ден ќе падне (да сме здрави-живи) на 29 февруари 2092.
-
Ова сигурно не сте го знаеле: Зошто копчињата на женските кошули се на левата, а машките на десната страна?
Се повеќе брендови и модни синџири, како што се Uniqlo или H&M, се фокусираат на унисекс колекции, односно на родово неутрални модни дизајни. Но на долг рок, ова не е стандард. Во светот на модата сè уште постојат јасни разлики во облеката за мажи и жени. Не зборуваме за фустани, здолништа или штикли, туку за ... копчиња.
-
Овие 3 знаци покажуваат дека пиете премногу кафе
Веројатно знаете дека не треба да консумирате премногу кафе доколку имате висок крвен притисок, но веројатно не знаете дека и овие симптоми можат да бидат знак дека претерувате со кафето
-
Google воведува новитети на својот интернет пребарувач
Google почна со тестирање на новиот изглед на интернет пребарувачот за компјутери. Промената не е радикална, но за многумина ќе биде корисна и делумно потсетува на опцијата Discover за мобилни уреди. За корисниците кои се дел од тоа тестирање на пребарувачот на Google сепојави опцијата прикажување виџети, односно посебни картички.
-
Во Париз е поставен радар за сообраќајна бучава
Во Париз е поставен првиот радар за откривање на сообраќајна бучава. Станува збор за софистициран уред кој го мери нивото на бучава на возилата во движење и ја евидентира регистарската табличка. Возачите чии возила прават преголема бучава на тој начин ќе добијат полициска казна на домашна адреса.
-
Хитлеровото место за одмор сѐ попопуларно кај туристите
Адолф Хитлер одел на одмор во Оберзалцберг (Obersalzberg), каде го поставил второто седиште на нацистичката влада. Центарот за документација кој наскоро ќе биде проширен потсетува на темното историско поглавје на тој идиличен планински град.
-
Мост што ги соединува Европа и Азија кој чини 3,1 милијарди евра
Грандиозниот висечки мост „Чанакале 1915“, кој ги поврзува Европа и Азија преку мореузот Дарданели, во Турција, ќе биде официјално отворен на 26 февруари, објавија турските медиуми.
-
Што се крие зад бројот 57 на амбалажата на култниот кечап „Хајнц“?
За многумина, синоним за кечап е оној што го произведува „Хајнц“. Брендот е создаден во далечната 1869 година, а со текот на времето го доби епитетот „America’s Favorite Ketchup“, што може да се преведе како „Омилен кечап на Американците“.
-
Старо Скопје: Во кафеана на една ракија, аловина, боза и салеп
Старо Скопје: Во кафеана на една ракија, аловина, боза и салеп