Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Внимателно ако патувате во Германија со дизел возило
Возачите кои планираат да патуваат со автомобил до западноевропските земји мора да бидат внимателни. Во некои градови се забранува влез на постари патнички возила, а предвидена е и висока глоба од неколку десетици до неколку илјади евра.
-
Во овој град има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер
Автопатот „Ханшин“ е име на патна мрежа долга 239 километри која ги опфаќа Осака, Коби и Кјото во Јапонија, управувана од Ханшин Експресвеј ДОО. Многу јапонски градови се борат со сообраќаен метеж, особено Осака.
-
НЕКОГАШ И ХИРУРЗИТЕ НОСЕЛЕ БЕЛИ МАНТИЛИ: Постои добра причина зошто нивните униформи се сега ЗЕЛЕНИ И СИНИ
Пред нешто повеќе од еден век, хирурзите како и другите медицински работници носеле бели мантили, но таа практика се променила.
-
Ова се 5-те најталентирани хороскопски знаци
ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ
-
Дали сте тип на работник за унапредување?
Вработените можат, според односот кон работата, да се поделат во два групи: оние кои работат зошто сакаат да работат и оние кои работат исклучиво за привилегии.
-
ШТО ЗНАЧИ ДА СОНУВАТЕ БАНКАР?
Добро или лошо ?
-
Неколку начини да ја намалите сметката за греење
Без разлика дали вашиот дом го греете на цврсто гориво, нафта, плин, дрва или струја, голема количина на енергија се губи. Денес таквите работи морате да ги земате во предвид, бидејќи многу се зборува за заштита на животната средина и подигнувањето на свеста кај оние кои за тоа не водат премногу сметка. Следат 11 совети како да се спречи таа загуба и како да ја намалите сметката за греење.
-
Без псовки, озборување и јадење во автобус – закони во ОАЕ што посетителите треба да ги знаат
Обединетите Арапски Емирати и можеби најпознатиот град во земјата – Дубаи, се посебни по многу нешта, а еден од нејзините признаци е тоа што лесно може да завршите в затвор, поради многу вообичаените работи што се прават на кое било друго место. Оваа блискоисточна држава има неколку бизарни, но многу строги правила. Следат дел од нив…
-
Дали вработените се покреативни кога работат од канцеларија?
И покрај популарното мислење на шефовите и менаџерите дека работниците се покреативни кога работат во канцеларија, ваквата теза беше многу остро и аргументирано одбиена од Факултетот за бизнис на Харвард.
-
На конкурс за 30 жени- машиновозачи во Саудиска Арабија, се пријавиле 28.000 кандидатки
Огласот за вработување на 30 машиновозачки во Саудиска Арабија привлече 28.000 апликантки, нагласувајќи го обемот на зголемена побарувачка бидејќи конзервативното кралство отвора повеќе можности за жените.