Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Погледнете како изгледа најскапата куќа со 49 бањи и гаража за 30 автомобили
Најскапата куќа во Америка штотуку се појави на пазарот, а нејзината цена е фантастични 295 милиони долари. Името ѝ е The One, се наоѓа во луксузната населба Бел Ер во Лос Анџелес и тоа на врвот на брдото со неверојатен поглед на околината. Само погледот вреди добри милион долари.
-
Amazon двојно ја зголеми минималната плата - од 160.000 на 350.000 долари
Американскиот технолошки гигант „Амазон“ повеќе од двојно ја зголеми основната плата што ја исплаќа на своите вработени – од 160.000 на 350.000 долари.
-
Штедат гориво: Во Германија поставени семафори со вештачка интелигенција
Семафорите во Германија користат радарски сензори и камери со висока резолуција за да ја проценат ситуацијата во сообраќајот, а тоа го прават многу ефикасно. Семафорот не е програмиран за црвена и зелена фаза, туку на основа на собрани информации може во зависност од актуелната ситуација да го намали сообраќајниот метеж и времето на чекање. Со самото тоа и потрошувачката на гориво како и загадувањето на воздухот.
-
Уште побрз интернет: Wi-Fi 7 не е толку далеку
Wi-Fi 6E е најновата верзија на безжичен интернет, но повеќето корисници би можеле да останат без него поради недостаток на компоненти и еден ден веднаш да се префрлат на Wi-Fi 7.
-
Русија бесплатно дели земја на Арктикот
Сите руски граѓани добија право бесплатно да користат хектар земјиште на Арктикот.
-
Почина основачот на dm, Гец Вернер
Гец Вернер, основач на германската компанија dm, почина на 78-годишна возраст, соопштија од dm вчера. Неговиот син Кристоф Вернер, актуелен извршен директор на dm, рече дека татко му починал спокојно.
-
Дали би сакале да патувате низ светот и да заработувате во исто време?
Сте слушнале ли за дигитална номадска виза? Да, и тоа постои. На посетителите им дава можност да живеат и работат во сончевата и преубава Шпанија.
-
Патување со авион од Пекинг до Њујорк за само еден час - Нема да ви се верува!
Дали за неколку години ќе можеме да поминеме толкаво растојание за толку кратко време? Според кинеската компанија, Space Transportation, ова ќе биде можно во блиска иднина!
-
Научници направиле паметно седло за јавање кое знае кога сте паднале и вика брза помош
Научници од Универзитетот Инер Мoнголија развија паметно седло кое на јавачите може да им ги подобри перформансите, но и да ја алармира итната служба кога ќе препознае дека јавачот паднал од коњ.
-
Ferrari на вработените им подели бонус од 12.000 евра
За Ferrari, 2021 година беше најдобрата кога станува збор за продажбата. Тоа во својот џеб го почувствуваа и вработените во оваа италијанска компанија, кои добија бонус од 12.000 евра.