Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Научниците развија видео-игра која дијагностицира, следи и лекува депресија
Иако видеоигрите главно се на удар на критиките, во смисла дека им штетат на младите, конечно се појави една за која не би можеле да го кажеме тоа. Таа е развиена од научници и има цел да дијагностицира, следи и лекува депресија. Научниците веруваат дека сегашниот здравствен систем е погрешен на многу начини, најмногу затоа што општите лекари немаат доволно време да одвојат за пациентот.
-
Месинџер ќе известува ако некој направи „скриншот“ на порака што исчезнува
Новата верзија на Messenger ќе ги извести луѓето вклучени во „таен разговор“ доколку некој направи скриншот од нивниот разговор.
-
Oткрила лото добивка од три милиони долари во „спам“ фолдерот
Жителка на Окланд за малку ќе ја пропуштела лото „џекпот“ добивката од три милиони долари, бидејќи мејлот што требало да ја извести за подигање на наградата завршил во „спам“ фолдерот.
-
Страница од Спајдермен-стрип продадена за 3,3 милиони долари
Една страница од стрип со Спајдермен од 1984 година се продаде на аукција за 3,36 милиони долари.
-
Популарната дестинација за одмор од денес повторно отворена, лани ја посетиле само 45 туристи
Популарната индонезиска дестинација за одмор, Бали денеска повторно се отвора за целосно вакцинирани туристи од целиот свет. Сепак, иако имаат сертификат за целосна вакцинација, меѓународните патници ќе мора да поминат пет дена во карантин.
-
„Instagram“ работи на видеата на „Reels“ од 90 секунди
„Instagram Reels“ се многу забавни во моментов, но ограничувањето од 60 секунди може да биде проблем. Сепак, сега има добри вести за сите кои сакаат повеќе бидејќи „Instagram“ планира да ја зголеми должината на видеото, за конечно да му парира на својот ривал „TikTok“.
-
ФБИ ги предупреди атлетичарите да не ги носат своите телефони на Олимпијадата во Пекинг
Спортистите и посетителите кои се упатуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг да ги остават своите телефони дома и наместо тоа, да користат „привремени“ телефони, препорача Федералното истражно биро (ФБИ) во САД.
-
„Оскарите“ се враќаат во Холивуд и ќе имаат водител
„Оскарите“ ќе имаат домаќин за првпат од 2018 година и ќе се вратат во својот долгогодишен дом во театарот Долби.
-
Германија забрани да се емитува руска телевизија
Комисијата за регистрација и надзор на германскиот медиумски регулатор МАББ го забрани емитувањето на телевизијата РТ ДЕ во земјава поради немање лиценца.
-
Дизелашите ја загубија „битката“ со хибридите
Во 2021 година во ЕУ биле продадени 48 хибриди повеќе од возила со дизел мотори.