Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
„Apple“ откри колку активни уреди има во светот
За време на неодамнешниот разговор за заработка со инвеститорите, извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, откри дека „Apple“ сега има 1,8 милијарди активни уреди ширум светот.
-
Берово доби мерна станица и го сруши митот за чист планински воздух во градот
Берово доби мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот и првичните резултати го срушија митот за чистиот планински воздух во овој град.
-
Управител на складиште на „Амазон“ украл над 273.000 долари во компјутерски делови
Управител на складиште на „Амазон“ украл над 273.000 долари во компјутерски делови
-
И оваа година ни доаѓаат многу нови емотикони: Еден веднаш се издвои како фаворит
Секоја година пристигнуваат нови, а оваа година се најавени поприлично кул емотикони...
-
Пишувајте есеи, приказни и книги со помош на Gingko Writer
Пишувајте есеи, приказни и книги со помош на Gingko Writer
-
Нестле ќе им плаќа на земјоделците во Африка децата да одат на училиште место да собираат какао
Најголемиот дел од какаото, главната состојка за чоколадото, сè уште се произведува со детски труд.
-
Шведска компанија „вработува“ гаврани за да собираат пикавци од улиците
Шведски стартап започна да регрутира гаврани и да ги тренира да собираат догорчиња од улиците и плоштадите во Седертаље, во близина на Стокхолм. Во рамките на овој проект, чија цел е да се намалат трошоците за отстранување на отпадот, гавраните се тренираат така што им даваат малку храна секогаш кога ќе стават пикавец во машина дизајнирана од „Corvid Cleaning“.
-
20 и 50 евра се најчесто фалсификувани евро банкноти
Околу 347.000 фалсификувани евро банкноти се повлечени од оптек во 2021 година, што е четвртина помалку од една година претходно, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).
-
Дали би живееле бесплатно една година во Сицилија?
Airbnb бара некој кој е подготвен да земе една година „одмор“ од својот нормален живот и наместо тоа да живее бесплатно во италијанска дизајнерска куќа.
-
Истражување: Поинтелигентните луѓе пијат повеќе алкохол и не сакаат да спортуваат!
Неодамнешно истражување покажало дека поинтелигентните луѓе не живеат поздраво и не се грижат премногу за сопственото здравје, туку пијат алкохол и не сакаат да вежбаат. Истражување го спровел психологот Сатоши Каназава од Лондонската школа за економија и политички науки.