Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Објавена листата на најбезбедните авиокомпании во светот
Водечкиот авиопревозник во Обединетите Арапски Емирати ги надмина „KLM“, „JetBlue“ и „easyJet“ со индекс на ризик од 95,05 отсто и повторно го освои првото место во рангирањето на 25 компании во истражувањето спроведено од „JACDEC“ за аеронаутичкиот магазин „Aero International“.
-
НАЈМНОГУ САКААТ ДА ШПИОНИРААТ: Три хороскопски знаци кои ви ги читаат ПОРАКИТЕ!
Во 2020 година, едно списание спроведе истражување со експерти од „Psychic World“ во кое 2.112 луѓе одговориле на прашањето дали некогаш ги гледале мобилните телефони и компјутерите на нивните партнери.
-
Зошто џебовите на женските фармерки се некорисни?
Додека во џебовите на машките панталони лесно можат да се сместат телефони, паричници, клучеви и друго, тешко дека ќе можете да ставите дури и паметен телефон во џебовите на повеќето женски фармерки.
-
Научници пронајдоа нов дел од човечкото тело
Ова откритие е доказ дека човекот не ја познава целосно својата анатомија
-
Топ 10 светски милијардери побогати во 2021 година
Десетте најбогати луѓе во светот заедно го зголемија своето лично богатство за 402,17 милијарди долари во 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
-
Во Ирска поскапува алкохолот - целта е да се обесхрабрат жителите од прекумерно пиење
Стапува на сила планот на Ирска за ограничени цени на алкохолот. Новиот закон, како што е планирано, ќе влијае на продажбата на алкохол во продавниците и супермаркетите.
-
Богатството на Илон Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари
Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла. Податоците се од рангирањето на милијардерите според списанието Форбс.
-
Како е правилно: Лепче со паричка за Бадник или за Василица?
Традиционално, во Македонија семејството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.
-
Битката за работничките бонуси меѓу технолошките ривали „ Apple “ и „Meta“
Во Силиконската долина се води „војна“ меѓу технолошките ривали „ Apple “ и „Meta“, откако Meta во последните месеци ангажираше околу 100 инженери на „Епл“.
-
Bulgari нуди хотелски апартман за 35.000 евра од ноќ
Во декември Bulgari отвори луксузен хотел во Париз, кој е седми од брендот во овој сегмент, кој планира да го зголеми нивниот број на над 20 во наредните години. Хотелите се дел од стратегијата на Bulgari да го прошири својот деловен опсег со цел да привлече клиенти во основната дејност и бизнисот со накит.