Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Месечен финансиски хороскоп за јануари 2022 година
Еве што предвидува месечниот хороскоп за финансии за јануари 2022 година:
-
„Facebook“ прогласена за „најлоша компанија на 2021 година“
„Facebook“, односно сега веќе „Meta“, е прогласена за најлоша компанија на годината, по турбулентните 12 месеци полни со контроверзии, негативни реакции од јавноста и евентуалното целосно ребрендирање на гигантот, стои во истражувањето кое го спроведе „Yahoo Finance“.
-
34 Планинари првото новогодишно изгрејсонце го дочекаа на врвот на Пелистер
На највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер, на 2.601 метар, да се доживее првото изгрејсонце во Новата Година беше предизвик за 34 планинари од целата земја. Но за да не се пропушти раѓањето на денот на оваа височина, потребни се над 6 часа ноќно искачување, па планинарите тргна веднаш после полноќ.
-
Баба Ванѓа и Нострадамус би имале несогласувања околу 2022 година
Кога познатата струмичка јасновитка Баба Ванѓа и нејзиниот француски „колега“ Нострадамус би можеле да ги споредат нивните предвидувања за претстојната 2022 година, не би имале значителни совпаѓања, со што веројатно би дошло и до одредени несогласувања помеѓу нив, околу тоа кој е во право во врска со пророштвата за светот. Заеднички им е само песимистичкиот поглед на иднината, барем според толкувањето на нивните записи, за кои треба да се напомене дека има различни објаснувања и треба да се земат со доза на резерва.
-
Лекар предупредува на штетното влијание од алармот на часовниците
Редовното поставување на аларм за будење може да претставува опасност по здравјето, предупредува лекарот специјализиран за нарушувања на спиењето, Александар Калинкин.
-
Не брзаат да се пензионираат: Чистат улици за да бидат општествено корисни, а оние кои знаат странски јазици се особено барани
Во една од најдолговечните нации во светот, наместо да ја користат пензијата за патување, уживање и релаксација, многу Јапонци претпочитаат да ги користат своите вештини и знаење – и да се вратат на работа.
-
Делење на сметка во кафана – ДА или НЕ?
Дали си идеално друштво за во кафеана? Што зборува ова за тебе како човек? Одбиваш да платиш еднаков дел од сметката како и сите други.
-
Некогаш Скопје беше град на забавата и ведрината
Новите години во Скопје при крајот на минатиот век секогаш биле празник и незаборавно доживување за младите, па и за оние постарите што се чувствувале млади.
-
Пет здрави канцелариски навики
Работниот ден поминат во канцеларија не бара премногу физичка активност, но сепак, го исцрпува човековиот организам. Исполнувајќи ги секојдневно работните обврски често забораваме на многу важните услови за работа , кои можат многу да влијаат на нашата продуктивност и квалитетот на извршената работа.
-
Како TikTok стана планетарна зараза и достигна рекорд од милијарда корисници?
Милијарда активни корисници ширум светот користат TikTok секој месец, објавено е од оваа компанија. Сепак, многумина се уште се прашуваат што е толку привлечно за оваа мрежа.