Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Лименки со пиво кои истовремено може да служат и како лампиони
Ако обичните украси се премногу здодевни за да се закачат на елката оваа година, Miller Lite продава лименки пиво кои истовремено може да служат и како лампиони за да ја разубават вашата празнична сезона.
-
Кој народ е најинтелигентен, а кој најглупав на светот? На листата се најде и Македонија!
Според студијата која во 2019 година ја спровеле истражувачите Ричард Лин и Дејвид Бекер, највисокото ниво на IQ во светот го имаат Јапонците, со просек од 106,49
-
Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ
Во ноември 2021 година, регистрациите на нови автомобили во Европската унија паднаа петти последователен месец оваа година (-20,5 проценти), на вкупно 713.346 продадени единици. Во однос на обемот, овој резултат го означи најнискиот вкупен износ од 1993 година.
-
Дали сте слушнале за синдромот на генерациите на кои им е „досадно“ на работа?
Како што изминуваат годините, сѐ повеќе луѓе се крајно незадоволни од својата работа. Вработените известуваат дека задачите што ги извршуваат и состаноците што ги имаат се монотони и крајно досадни. Покрај тоа, работниот ден е предолг, а односите со шефовите се влошени.
-
Како правилно да постапите ако автомобилот е заглавен во снег?
Без разлика во кое возило се наоѓате, има неколку работи што можете да ги направите за да ги подобрите шансите да излезете од снегот.
-
Поради недостиг на 4.000 работници, најголемиот руски производител на камиони ќе ангажира затвореници во своите фабрики
Најголемиот руски производител на камиони „Камазис“ размислува да ангажира затвореници во своите фабрики за да го надомести недостигот на работна сила, изјави денеска извршниот директор на компанијата Сергеј Когогин.
-
Се менува викендот во Обединетите Арапски Емирати, работниците ќе работат четири ипол дена
Обединетите Арапски Емирати ќе го преселат викендот во сабота и недела почнувајќи од следната година, објави државната новинска агенција WAM.
-
Mercedes им исплати рекордни бонуси на работниците
Крај е на годината, што значи дека вработените во компаниите со најдобри резултати ќе добијат значителни бонуси.
-
Снегот донесе нов бизнис: За чистење снег се плаќа од 13.000 денари неделно
Деновиве Македонија и Балканот се завиени во снегови, дојде првиот снег во поголеми количини, зимската идила го пружа своето. Но не за секој е убав снегот, па така тој често претставува проблем и при коловозот но и во домовите, а од оваа ситуација се роди и бизнис.
-
Осум фатални грешки со кои го уништувате мобилниот и лаптопот
Постојат некои вообичаени, ненамерни грешки кои луѓето ги прават при ракувањето со овие уреди, а со тоа и ги оштетуваат по што животниот век на истите се скратува. Мобините телефони, лаптопите и компјутерите со секоја нова серија стануваат помоќни, но истовремено и почувствителни.