Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
„ЈуГов“: Путин меѓу 10-те најпочитувани луѓе во светот
Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа меѓу првите 10 најпочитувани луѓе во светот во 2021 година, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од британската компанија за истражување на јавното мислење „ЈуГов“.
-
Како да уживате во магијата на Париз доколку сте со ограничен буџет
Париз е еден од омилените градови на многу туристи. Благодарение на прекрасните улици, неверојатната архитектура, музиката, вкусната храна и модата, сигурни сме дека за секого Париз е една од најпосакуваните дестинации кога станува збор за патување.
-
Германија: Преместувањето од спална соба во домашна канцеларија ќе се смета за службено патување
Човек кој се лизнал по скалите и го скршил грбот додека одел од креветот до домашната канцеларија, може да поднесе барање за обештетување од работодавецот, откако судот пресудил дека тој во тој момент патувал на работа.
-
Инвестирањето во колекционерски играчки би можело да биде попрофитабилно од инвестирањето во злато!
Инвестирањето во лего коцки е поисплатливо од вложување во злато, уметнички дела и вино, покажа едно истражување.
-
Жителите на Британија може да останат без алкохол за Божиќ
Зголемените трошоци за логистика и проблемите со синџирот на снабдување може да доведат до недостиг на алкохол во супермаркетите во Велика Британија за претстојните божиќни и новогодишни празници.
-
Путин: работев како таксист по распадот на Советскиот Сојуз
Рускиот претседател Владимир Путин го опиша падот на Советскиот Сојуз како крај на „историска Русија“ и за прв пат откри дека работел како таксист за време на економската криза што следеше по нејзиниот колапс.
-
Топ 10 најпосетувани страници на интернет
Најпосетувана страница на интернет е Google.com, интернет пребарувач, со 45,4 милијарди посетители.
-
Како да препознаете дали ќе ја добиете работата
Секој што се надева на вработување, знае колку интервјуто за работа може да биде напорно и напнато. Сепак, постојат одредени знаци кои укажуваат дека работодавачот сака да ве вработи за таа работа. За да избегнете да размислувате со денови или недели за тоа како поминало вашето интервју за работа, обрнете внимание на неколку фактори за време на интервјуто.
-
Како хаосот на работното биро влијае на продуктивноста?
Работното биро треба на “себе“ да ги има сите потребни реквизити за да може да ги извршувате сите обврски без никаков проблем. Но, ако е пренатрупано со документи, хартии, папки…, ако не можете да најдете чиста површина на него, тогаш тоа може да значи дека сте неорганизирани и тој хаос може да се рефлектира врз вашата работа.
-
„WhatsApp“ ќе дозволи плаќање со криптовалути
Портфолиото на криптовалути „Novi“ на „Meta Platforms“ ќе им овозможи на корисниците да испраќаат и примаат пари преку апликацијата за разговор „WhatsApp“, која исто така му припаѓа на гигантот, пренесува „Reuters“.