Vrabotuvanje.com - Занимливости
Сподели
Tweet
Сподели

Занимливости

Повеќе

Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.

  • Пицата може да ја подобри продуктивноста на работното место Пицата може да ја подобри продуктивноста на работното место

    Ден Ариели, професор по психологија и бихевиорална економија спроведе истражување во склоп на книгата „Payoff: The Hidden Logic That Shapes Our Motivations“ за тоа што го мотивира поединецот за работа.

  • Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија? Дали вашиот ајфон наскоро ќе може да открива знаци на депресија?

    Apple работи на нова технологија која би можела да помогне при дијагностицирање на проблеми со менталното здравје и когнитивниот пад.

  • Во Белгија отворен најголемиот центар за чоколадо во светот Во Белгија отворен најголемиот центар за чоколадо во светот

    – Во Локерен, источна Фландрија, е отворен најголемиот дистрибутивен центар за чоколадо во светот, објави белгискиот портал „Фокус“.

  • Најсреќните денови во декември за секој знак Најсреќните денови во декември за секој знак

    Еве кои се најсреќните денови на секој хороскопски знак во декември!

  • 10 европски градови кои зимата ги претвора во магични 10 европски градови кои зимата ги претвора во магични

    Новогодишните и божиќни празници се уште поубави под белата снежна покривка.

  • Apple го прекина производството на iPhone за прв пат по десет години Apple го прекина производството на iPhone за прв пат по десет години

    За прв пат од почетокот на пандемијата, логистичките ограничувања и недостатокот на компоненти го принудија Apple да престане да ги произведува своите телефони. Според Nikkei, Apple морал да ја затвори производната линија за прв пат по повеќе од 10 години „неколку дена“ поради логистичките ограничувања и сегашното ограничување на моќноста во Кина.

  • Работи што можете да ги направите ако Инстаграм ве исцрпува, но не сакате да престанете да го користите Работи што можете да ги направите ако Инстаграм ве исцрпува, но не сакате да престанете да го користите

    Иако честопати се мета на многу критики, социјалните мрежи сепак остануваат дел од нашето секојдневие. Ги користиме за време на паузите на работа, за забава, за едукација, за совети, но често ги користиме дури и кога не треба. Факт е дека живееме во свет во кој социјалните мрежи станаа поинаква реалност, која честопати не ја познаваме и не можеме да ја разликуваме од онаа во која навистина живееме. Поради сето тоа, денес експертите сè почесто потенцираат дека треба да се прават паузи од социјалните мрежи поради сопственото ментално здравје.

  • 5 видови на одмор за обновување на вашата енергија 5 видови на одмор за обновување на вашата енергија

    Прекумерната работа и заморот се сè почесто присутни во нашето секојдневие и се последица на брзиот, модерен живот. Секој организам порано или подоцна се соочува со негативните ефекти на модерното живеење и затоа од огромно значење е да бидете свесни за вашата состојба, како и навреме да реагирате за ги спречите несаканите последици.

  • Романците направија новогодишна елка од празни шишенца од вакцини Романците направија новогодишна елка од празни шишенца од вакцини

    На еден од најголемите пунктови за вакцинација во Романија се појави новогодишна елка висока три метри направена од празни шишиња од вакцината „Фајзер“.

  • Дали знаете која е постапката за обесштетување доколку се случи сообраќајка со диво животно Дали знаете која е постапката за обесштетување доколку се случи сообраќајка со диво животно

    Возачите, посебно во зимскиот период, кога треба да патуваат низ земјава, често се случува на патиштата да се соочат со различни диви животни, кои во потрага за храна дури можат да ги уништат заштитните огради на патиштата претрчувајќи преку коловозот може да се случи и судир со возило. Внимание во јавноста предизвика и бројката од три сообраќајни несреќи со диви свињи, што изминатиот викенд и неколку дена претходно се случија на автопатот Скопје – Тетово. Проблем не се само дивите свињи туку и други животни, како срни, елени и зајаци. Сите тие, и покрај поставената заштитна мрежа, успеваат да излезат на автопатот и да предизвикаат несреќи, често и со фатален исход.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде