Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Колку заработуваат актерите од „Пријатели“ од реприза на серијата?
Серијата „Пријатели“ е еден од најпопуларните ситкоми на сите времиња, а и денес со задоволство се гледа низ целиот свет
-
Авион на „Луфтханза“ ќе има ноќен клуб и кино
Станува збор за проект вреден 325 милиони долари, што претставува модифицирана верзија на стандардниот патнички авион, наменет за луксузни забави.
-
Што е подобро во зима - 4x4 погон со all season гуми или погон на предните тркала со зимски гуми?
Очигледно е дека автомобил со погон на сите тркала и зимски гуми би „владеел со зимата“.
-
Германија ќе финансира до 40% од трошоците за домашна помош
Државата во иднина ќе им покрива дел од трошоците за домашна помош на семејствата и самохраните родители. Министерот за труд најавува дека таквата помош ќе започне од 2023 година.
-
Од 1.000 до 2.000 евра – "цвета" шверцот со расни кучиња
Трговијата со кучиња се зголеми за време на пандемијата, поради големата побарувачка од луѓе, кои затворени во своите домови посакаа да имаат домашни миленици.
-
Во Ирска предложено чистиот воздух да биде со закон загарантирано работничко право
Пандемијата со коронавирусот ги натера властите на многу држави да се позанимаваат со квалитетот на воздухот.
-
Италијанец се обидел да ја избегне вакцината против Ковид носејќи лажна рака
Италијанец кој сакал потврда за имунизација против корона вирусот, но без да ја прими вакцината, се појавил на контролниот пункт со лажна рака, велат властите.
-
Ако сакате да бидете попаметни практикувајте ги овие активности…
Како да бидеме попаметни, да носиме подобри одлуки, да сработиме сè како што треба? И за тоа има решение (барем донекаде), со помош на одредени активности или навики. На пример:
-
Се плаќаат 9.000 денари дневно, а никој не сака да работи: Ова се условите
Работа која е платена 9.000 денари дневно, а никој не ја работи. Можеби вие ќе ја сакате?
-
Била во 50 земји низ светот поради работа: Од нив ќе запамти само осум
Еви Керик професионално се занимава со пишување на патописи, поточно, патува и пишува, што за многумина е остварување на сонот во кариерата. Во својата животна авантура поминала повеќе од 50 држави во светот, но каже дека засекогаш ќе памети само осум од нив.