Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Starbucks и Amazon Go го отвораат првото кафуле без касиери
На најновото кафуле на „Starbucks“ му недостасува еден елемент што повеќето клиенти се навикнати да го гледаат: КАСИЕРИ
-
Зошто Охридското Езеро го нарекуваат „запоставениот европски Галапагос“
Осум часот наутро. Воздухот е сé уште свеж додека го набљудувам магливиот хоризонт на Охридското Езеро.
-
Бројот на пушачи во светот постојано се намалува
Бројот на пушачи ширум светот постојано се намалува, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги земјите дополнително да ги зајакнат контролните мерки за справување со смртоносната зависност од цигари.
-
Седум предупредувачки знаци дека во вашиот телефон има вирус
Доколку не сте инсталирале антивирусен софтвер и сте склони кон ризично однесување, можно е да е пронајден злонамерен софтвер на вашиот мобилен телефон
-
Чувањето домашни миленици во Иран наскоро казниво со закон
Во Иран наскоро ќе биде забрането и казниво чувањето миленичиња и шетањето кучиња.
-
Трошоците на живот во 2022 се зголемиле за 14.2, а цените на мало за 12.6 отсто
Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 отсто, а цените на мало од 12.6 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
-
Италија забрани плаќање во кеш над 1.000 евра
Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања од 2.000 на 1.000 евра.
-
Балканот полуде по биткоинот, го купуваат и економисти и пензионери
Побарувачката е седум пати поголема, но треба да се внимава
-
За производство на ракија над 50 литри, казна од 250 до 770 евра
Доколку се усвои предлог законот за силни алкохолни пијалоци во БиХ, сите што произведуваат ракија ќе треба да ја ограничат количината на произведениот пијалок на 50 литри, а во спротивно како физичко лице, ќе се наметне парична казна од 500 до 1500 КМ (од 250 евра до 770 евра).
-
Белгија воведува обврска за работа од дома 4 дена во неделата
Со цел да се спречи четвртиот бран oд пандемијата на коронавирусот белгиските власти донесоа одлука за задолжителна работа од дома 4 дена во неделата.