Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Новата 2022. на Тајмс Сквер ќе ја дочекаат само вакцинираните
Повторно е планирана традиционалната новогодишна ноќ на Тајмс Сквер, во присуство на стотици илјади луѓе кои ќе треба да имаат доказ за вакцинација против Ковид-19, најави градоначалникот Бил де Блазио.
-
Пандемијата предизвика повеќе работни часови
Во 2021 година, вработените лица на возраст меѓу 20 и 64 години во ЕУ работеле вкупно 3% повеќе часови на нивната главна работа во споредба со првиот квартал од годинава.
-
5 лекции за претприемништво од Стив Џобс
Многумина велат дека успешен претприемач не се станува, туку се раѓа. Иако ова е тема сама по себе, факт е дека постојат одредени работи кои можеме да ги научиме од другите, поуспешни и поискусни.
-
Balenciaga и Gucci меѓусебно си ги „хакираат“ производите
Луксузните модни брендови Gucci и Balenciaga (и двата дел од групацијата Kering), лансираа заедничка колекција на меѓусебно „хакирани“ и „контаминирани“ производи.
-
Париз ја ограничи брзината на електричните тротинети на десет километри на час
На 700 локации низ Париз, брзината на електричните тротинети е ограничена на десет километри на час од 15 ноември, јавува француската онлајн телевизија BFMTV.
-
Големата надградба на кодот на биткоинот ја подобрува приватноста и безбедноста
Биткоинот доби значителна надградба. Како што објави The Block, мрежата на биткоин започна долгорочна надградба на кодот „Taproot“ на 14 ноември. Ажурирањето ја подобрува и приватноста и безбедноста за комплицираните трансакции преку нови потписи што го прават да изгледа како секоја друга размена. Ова би требало значително да ја отежне работата на крадците на криптовалути.
-
Ни доаѓа метеорски дожд кој вреди да се погледне, ќе паѓаат до 15 метеори во еден час
Метеорскиот дожд „Леониди“ се појавува овој месец. Нашата планета секоја година во ноември поминува низ опашката на кометата 55П/Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. На површината, ние ги гледаме овие делови што горат во атмосферата како ѕвезди што паѓаат.
-
Јапонците се просечно најпаметни, а еве на кое место сме ние
Честопати на шега знаеме да кажеме дека глупавиот човек полесно живее бидејќи не знае дека е глупав.
-
8 совети за брз напредок во кариерата
Дали размислувате за вашиот професионален раст? Би сакале ли да се истакнете, но не знаете како? Самодовербата во она што го работите и учењето нови работи ќе ви помогне поефикасно да напредувате во кариерата. Во продолжение прочитајте ги нашите 8 совети што треба да ги практикувате за да бидете успешни на вашето работно место.
-
Instagram нуди огромни бонуси за објавување на Reels
Бидејќи TikTok ја надмина бројката од 1 милијарда активни корисници месечно, конкурентните платформи како YouTube Shorts, Snapchat Spotlight и Instagram Reels ги охрабруваат корисниците наместо тоа да ги објавуваат своите кратки содржини во нивните апликации.