Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Oва е земјата на богатите – што да правите во неа, а да не банкротирате?
Втората најмала земја на светот е позната по казината, брзите автомобили и славните жители.
-
Бесплатни обуки по англиски, турски и албански јазик за граѓаните на Охрид
Со поддршка на локалната самоуправа граѓаните на Охрид ќе можат да посетуваат бесплатни курсеви за учење англиски, албански и турски јазик.
-
6 работи во животот кои немаат цена
Овој пат нема да ја споменуваме љубовта, бидејќи сите знаеме дека таа е на врвот на работи кои не може да ги купиме со пари.
-
Се меша во секоја манџа - го паметите ли Стево Карапанџа?
Стево Карапанџа е можеби најпознатото лице од кујната на просторите на поранешната заедничка државна заедница.
-
Филипини: Студентите мора да засадат најмалку 10 дрвја ако сакаат да дипломираат
Филипините усвоија закон со кој сите матуранти и студенти се обврзуваат да засадат најмалку 10 дрвја пред да дипломираат. Надлежните се надеваат дека овој закон ќе помогне во борбата против климатските промени.
-
Жена решила да не купува облека цела година: Не само што заштедила пари туку и научила важна лекција
Една од нив е дека многу работи што ги купува немаат врска со реалната потреба, туку се реакција на одредени емоции, најчесто досада.
-
Која земја во Европа има авиони насликани со Штрумфови и Тинтин?
Кој бил, ќе раскажува!
-
Постојаното „скролање“ е лошо за вашето ментално здравје
Зголемената употреба на социјалните медиуми е поврзана со зголемената депресија кај луѓето
-
Автомобил за 2.000 долари од Alibaba
Кина останува доследна на ветувањето дека ќе произведува евтини електрични автомобили, а на пазарот неодамна се појави моделот Changli EV, електричен пикап кој чини само 2.000 долари.
-
7 тајни на јапонските училишта: Еве зошто нивните деца се најдобри во светот!
Во Јапонија, училиштето се смета за важна отскочна даска во животот. Токму затоа во оваа земја има 210 училишни денови.