Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто финците сеkoја година го слават денот на неуспеxот?
Се поставува прашањето зошто народ со толку високи стандарди би посветиле цел ден на славење и величење на неуспесите.
-
Што се случува кога јапонски воз доцни една минута?!
Јапонски машиновозач го тужел работодавачот, бидејќи му ја намалил платата за 56 јени, односно половина долар, како казна бидејќи својата композиција ја донел на дестинацијата со минута задоцнување.
-
Внимателно, несоодветното фрлање отпад може скапо да ве чини
Несоодветното фрлање отпад може скапо да ве чини.
-
Една од најстарите библиотеки во Источна Македонија, успешно го пребродува периодот на пандемијата
Откако почна пандемијата на коронавирусот, и граѓаните во малиот град на Истокот, Пехчево многу почесто ја посетуваат библиотеката „Кочо Рацин“, која е најстара во овој дел од Македонија, и датира од 1924 година.
-
Детска пошта - дали се уште го чувствувате нивниот мирис?
Дали се уште кога ќе се сетите на вашите омилени парчиња хартија од детството - детска пошта, го чувствувате прекрасниот, незаменлив мирис?
-
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА СПИЕТЕ: Еве колку часови спиење се доволни според возраста
Со обемот на работните часови и недостигот на време за себе, луѓето почнаа да забораваат на важноста на добриот сон, често заменувајќи ги тие 6-8 часа со нешто друго што е поврзано со кариерата.
-
Дали популарната серија Squid Game ќе добие втора сезона?
Режисерот Хванг Донг-Хјук потврди дека популарната јужнокорејска серија „Squid Game“ ќе добие нова сезона
-
1 денар - Сé што не сте знаеле за најупотребуваната монета
Дали некогаш сте се запрашале од каде и од кога потекнува македонската валута – денарот, но и која е историјата на основната македонска парична единица? Во модерно време, фразата „за еден денар“ се чини често употребувана во маркетингот, во продажбата, во многуте понуди и промоции на кои секојдневно сме сведоци, токму поради симболиката на додадената вредност – за толку малку, можете да добиете толку многу. И, има логика.
-
Како да го изберете идеалниот стан за живеење под кирија
Потрагата по идеалeн стан може да се претвори во вистински кошмар доколку не се подготвите претходно.
-
Нов закон во Португалија: Работодавците не смеат да се јавуваат или испраќаат СМС на вработените по крајот на работното време
Португалскиот Парламент усвои закон со кој им се забранува на работодавците да им се јавуваат или да им пишуваат пораки на своите вработени кои работат на далечина по крајот на работното време.