Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ваков работник секој сака: Oтишол во пензија по 75 години работа во иста компанија
Брајан Веб, 90-годишен механичар кој вели дека продолжил да работи затоа што тоа го одржувало млад, се пензионирал по 75 години во иста компанија
-
ГИГ ЕКОНОМИЈАТА нуди голем број работни места, но истите не се сигурни
„Гиг економија“ е релативно нов поим и датира од 2009 година, кога економската криза го достигнала својот врв, а невработеноста била рекордно висока. На македонски gig се преведува како „тезга“.
-
Зошто е добро да се работи во ЦЕНТАР НА ГРАДОТ?
Наоѓањето на вистинскиот деловен простор во центарот на градот за една компанија не е ниту лесен ниту едноставен процес. Треба да се земат предвид многу аспекти како за компанијата така и за потребите на вработените.
-
Паркиран автомобил во Италија 47 години привлекува туристи
Мистериозен автомобил во Конељано, Италија, паркиран на иста улица, на ист паркинг 47 години, стана туристичка атракција.
-
Во вселената одгледани првите чили пиперки, астронаутите ги искористија за тако
Астронаутите на Меѓународната вселенска станица за прв пат одгледаа чили пиперки, кои ги искористија за да си зготват тако. Првите пиперки беа набрани во петокот, соопшти НАСА.
-
Викенд хороскоп 06-07.11.2021
Дознајте што ве очекува викендов
-
Што кажува за вас начинот на којшто го држите вашиот смартфон?
Се предвидува дека до 2020-та година ќе има речиси 3 милијарди корисници на смартфони
-
Откако пропаднала, компанијата им поделила чорапи место пари на вработените
Кога една фирма оди во стечај, се дели тоа што останува од стечајната маса и како по обичај тоа не е доволно за ништо, а најмалку за работниците.
-
Популарниот Salt Bae објави оглас за работа: Платата многумина ги изненади
Готвачот Нусрет Гокче, исто така познат и како Salt Bae, бара готвач за во својот лондонски ресторан „Nusr-Et Steakhouse“ кој би ги подготвувал скапоцените специјалитети како што е Golden Giant Tomahawka кој чини 1.975 долари.
-
Нов иновативен концепт за сите фитнес ентузијасти: Достава на персонализирани менија со FitGuru.mk
Нов иновативен концепт за сите фитнес ентузијасти: Достава на персонализирани менија со FitGuru.mk