Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто ни се намалува слободното време иако работиме помалку?
Луѓето со нетрпение ја очекуваат ерата на слободното време и изобилство без страв. Затоа што сме обучувани да работиме премногу долго, а да уживаме кратко.
-
Хвар прогласен за најубав остров во Европа
Хрватски Хвар е прогласен за најдобар и најубав остров во Европа, во изборот направен од читателите на реномираното списание „Конде наст травелер“.
-
НБА ја легализираше употребата на марихуана за играчите
Најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, го легализираше користењето марихуана за играчите кои од оваа сезона повеќе нема да бидат тестирани за оваа супстанција, пренесува Адријан Војнаровски.
-
Дали конечно им дојде крајот на скршените екрани на телефоните?
Новиот тип на стакло е пет пати поотпорен на пукање, велат научниците, додавајќи дека ова конечно може да биде крај на страдањето на корисниците на паметни телефони чиишто екрани често пукаат кога ќе паднат.
-
Тастатура за копирање и лепење на содржина
Популарна платформа за програмери, Stack Overflow, се здружи со продавницата Drop за да ја лансира малата тастатура The Key, чија главна функција е да копира и лепи содржина.
-
Гејминг пазарот продолжува да расте, ќе растат и цените
Аналитичарите предупредуваат дека просечната цена на компјутерите ќе продолжи да расте и во наредните години.
-
Кaко да препознаете лажен email? Внимавајте, бидејќи грешката може скапо да ве чини!
Не брзајте да отворите пошта и да преземате содржина!
-
Mоже ли да се замисли животот без Фејсбук?
На почетокот на неделава видовме дека Фејсбук не е непобедлив. Документите и сведоштвата од новиот укажувач ја „напукнаа“ компанијата одвнатре. Социјалната мрежа и нејзините „сестри“ Инстаграм и Вацап не функционираа неколку часа.
-
Според кои правила мора да работи гардата на Бакингамската палата?
Заштитата на најважната зграда и најважната жена во земјата сигурно не е лесна задача.
-
Топ 10 професии на иднината
Ако зборуваме за помодерната историја, можеме да го поделиме светот на оној пред и после корона. Речиси сите аспекти на општеството се сменија, т.е. претрпеа одредени последици од ковид. Така е и во бизнисот, некои сектори напредуваа, некои се намалија.