Vrabotuvanje.com - Занимливости
Сподели
Tweet
Сподели

Занимливости

Повеќе

Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.

  • Поранешен министер работи како доставувач на храна во Германија Поранешен министер работи како доставувач на храна во Германија

    Месечно вози 1200 километри со велосипед, заработува 15 евра на час - Поранешниот авганистански министер работи како доставувач во Германија

  • Како ќе изгледа луксузната Домино кула во Занзибар вредна 1,3 милијарди дoлари? Како ќе изгледа луксузната Домино кула во Занзибар вредна 1,3 милијарди дoлари?

    Танзанија ги откри плановите за изградбата на втората најголема африканска зграда на автономниот архипелаг Занзибар.

  • Колку често менувате работа? Колку често менувате работа?

    Денес, почесто менување на работа веќе не е табу како порано. Помала е веројатност луѓето да останат кај истиот работодавец со децении, но тоа не значи дека е широко прифатливо често да се менува работа

  • Instagram тестира нова интересна опција Instagram тестира нова интересна опција

    Не е невообичаено корисниците да „пропуштаат“ објави на сметки што всушност ги интересираат кога користат Instagram, што понекогаш може да биде фрустрирачко, особено ако наместо релевантна содржина се појават нискобуџетни мемиња или фотографии од локални инфлуенсери.

  • Кина ги заострува мерките против секторот за електрични автомобили Кина ги заострува мерките против секторот за електрични автомобили

    Кинеските власти си поставија цел да го консолидираат секторот на електрични автомобили во земјата. Нивните долгорочни напори да го развијат создадоа премногу играчи и многу од нив се на работ на опстанок, пренесе „Блумберг“.

  • Салвадор турбулентно ја почна биткоин-транзицијата Салвадор турбулентно ја почна биткоин-транзицијата

    Редиците пред банкоматите во главниот град на Ел Салвадор станаа вообичаена појава по усвојувањето на криптовалутата биткоин како законско средство за плаќање, во обидот на Салвадорците да подигнат долари. Многумина се обидуваа да ги уновчат биткоините во вредност од 30 долари што ги добија од владата, но банкоматите честопати престануваа да функционираат. А претставник на власта призна дека секој трет Салвадорец успеал да подигне пари од банкомат, пишува „Фајненшл тајмс“.

  • Годишна плата од 400.000 долари за работа која никој не ја сака Годишна плата од 400.000 долари за работа која никој не ја сака

    Токороа е називот на местото во Нов Зеланд кое брои 13.600 жители и на кое итно му требаат нови доктори. Верувале или не, платата е 400.000 долари

  • Хрватска почнува да произведува тест монети од еврото Хрватска почнува да произведува тест монети од еврото

    Меморандум за разбирање помеѓу Хрватска, членките на еврозоната и Европската комисија за почеток на производство на монети од евро и подготвителни активности пред почетокот на производството беше потпишан во петокот, по состанокот на лидерите на Еврогрупата во Брдо кај Крањ и Хрватската народна банка – објави Европската комисија.

  • Не им дошле на свадба, па им испратиле казна во форма на фактура на гостите Не им дошле на свадба, па им испратиле казна во форма на фактура на гостите

    Младиот брачен пар Даг Симонс и Дедра Мекги одлучија по свадбената церемонија да испратат казна на сите гости кои не дојдоа, во форма на фактура.

  • 7 употреби на млекото надвор од кујната 7 употреби на млекото надвор од кујната

    Алтернативната употреба на млекото може да биде токму она што ви треба за вашето тело или за вашата коса, па дури и да ви помогне во секојдневните обврски.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде