Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Суеверија поврзани за парите во различни култури низ светот
Кога станува збор за парите, постои верување дека е важно дали банкнотите се уредно наредени во паричникот или се стуткани
-
Заљубена двојка поради бакнеж на улица казнета со 400 евра
Двојка во Милано е казнета со 400 евра поради бакнување на улица
-
Список за купување, со детална скица, слики и цени. Кога жена те праќа во супермаркет тоа изгледа вака!
Нејзиното видео има повеќе од 8,5 милиони прегледи и 1,2 милиони лајкови
-
Лаги во врска со парите кои можат да ви ја уништат врската или бракот
Лажењето е една од најчестите причини поради кои луѓето раскинуваат, а истражувањето покажа дека луѓето ги лажат своите партнери околу пет пати неделно, и тоа најмногу за финансиите.
-
Експертите сложни: " Користениот мебел е поевтин од новиот, и честопати со подобар квалитет "
Секое опремување стан или канцелариски простор подразбира купување мебел и тоа често може да претставува значителен трошок за буџетот
-
Заработува 15 милиони евра годишно, а користи искршен телефон - Причината ќе ве изненади
Садио Мане е фудбалер роден во Сенегал, кој денес се смета за еден од најдобрите фудбалери во светот, заработува 15 милиони евра годишно и носи стар мобилен телефон со скршен екран
-
Прочитајте што мислат странските туристи за домаќините
Сите народи и сите луѓе не се исти, но интересно е, а понекогаш и хумористично, да се чуе и прочита што мислат странците туристи за домаќините.
-
Русинка го тужи „Мекдоналдс“ поради билборд што ја намамил да го прекине постот
Русинката Ксенија Овчиникова тврди дека го прекршила предвелигденскиот пост поради тоа што „Мекдоналдс“ ја намамил да купи чизбургер, и поради тоа, таа ќе го тужи американскиот ланец на ресторани за брза храна
-
Секој што ќе навреди пратеник ќе биде казнет од 500 до 1.000 евра
Министерството за внатрешни работи на Словенија предложи казна од 500 до 1.000 евра за несоодветно однесување кон највисоките претставници на државата
-
Ќе се урива куќата на гангстерот Ал Капоне, изградена е на еден метар под морето
Трите внуки на Капоне планираат да продадат и 174 предмети од својот дедо, на аукција на 8 октомври, во аукциската куќа „Витерелс“ во Сакраменто.