Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Кавијар, Коњак, Марлборо... Авионските летови беа вистински луксуз во минатото
Оброците во авионите веќе не се она што беа. И додека многу работи стануваа се подобри и подобри, храната во авионите го имаше својот врв, кој тешко дека некогаш повеќе ќе биде ист
-
Се отвора најголемото панорамско тркало на светот: Поглед кон Дубаи од 250 метри височина
Беа потребни години планирање и изградба за најголемото панорамско тркало на светот конечно да започне со работа, а свеченото отворање се очекува на 21 октомври
-
Бијонсе метела коса во фризерница, Том Круз носел багаж: Првите (нормални) работи на познатите
Тие денес се уметници од светски ранг, но првите работни искуства им биле сосема поинакви. Секој мора да започне од некаде, зарем не
-
4 дена работа, иста плата: Шефот ги воодушеви работниците во една хрватска компанија
Холанѓанецот Јан де Јонг, кој живее и работи во Хрватска, од септември воведува четиридневна работна недела за своите вработени во Webpower Adria, а на вработените ќе им биде исплатена иста плата.
-
Дали знаете дека работата во смени е опасна и нездрава?
Авторите проучувале 38 метаанализи и 24 системски рецензии што ја оценувале работата во смени и спиењето и нејзиното влијание врз следните хронични здравствени состојби: коронарна срцева болест, мозочен удар, рак, дијабетес тип 2, дебелина (зголемување на телесната тежина), депресија, несреќи/повреди, смрт од секакви причини, смртност предизвикана од коронарна срцева болест и смрт предизвикана од рак.
-
Само една личност во светот смее да вози нерегистриран автомобил и без возачка дозвола
На кралицата не и е потребен ниту пасош ниту возачка дозвола
-
Си дал отказ, па ги „почестил“ колегите со торта со лаксативи
П.С. Не пробувајте го ова пред вашите колеги :)
-
Како би изгледале нашите омилени ликови од цртаните филмови денес?
Кој лик од цртаните филмови ви беше омилен?
-
5 најбарани занимања
Кога започна короната минатата пролет, од ден на ден гледавме како се менува светот пред нашите очи. Сега, кога ситуацијата е многу постабилна, некои промени остануваат трајни.
-
(ВИДЕО) Најлудото интервју за работа на сите времиња
Замислете дека одите на интервју за работа и регрутерот кој ве интервјуира ве носи за рака до неговата канцеларија. За време на разговорот, тој доживува (лажен) срцев удар. Што ќе направите во таква ситуација?