Vrabotuvanje.com - Занимливости
Сподели
Tweet
Сподели

Занимливости

Повеќе

Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.

  • Tик Toк стана најпопуларна социјална мрежа, Фејсбук сега е втор Tик Toк стана најпопуларна социјална мрежа, Фејсбук сега е втор

    Тик Ток го престигна Фејсбук и стана најсимнувана апликација меѓу социјалните мрежи. Ова го објави весникот Никеи, повикувајќи се на сопствена студија.

  • Србија бара инфлуенсери, еве кои се условите за пријавување Србија бара инфлуенсери, еве кои се условите за пријавување

    Се ангажираат 40 инфлуенсери од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Романија, Грција, Словенија и Бугарија во следната година за потребите на реализација на кампањата

  • Паметните очила на Facebook ќе бидат готови годинава Паметните очила на Facebook ќе бидат готови годинава

    При објавата на деловните резултати на компанијата неодамна Цукерберг истакна дека нивниот следен хардверски производ ќе бидат паметни очила кои ги развиваат во соработка со Ray-Ban. Очилата прво беа најавени уште минатата година, кога беше споменато дека можно е официјално да бидат претставени во текот на 2021 година. Изгледа дека Facebook ќе се држи до тие планови и навистина ќе ги претстави до крајот на годината.

  • Дали мислите дека вработените се покреативни кога работат од канцеларија? Дали мислите дека вработените се покреативни кога работат од канцеларија?

    Откако пандемијата почна да се повлекува, компаниите полека наоѓаат нови причини да ги вратат своите вработени во канцелариите

  • Најживописните плажи во светот - рајот на земјата Најживописните плажи во светот - рајот на земјата

    Бел, вулкански или стаклен песок: светот е полн со неверојатни места каде што можете да „нуркате" во овие прекрасни нијанси. Очигледно знаете како хромотерапијата може да помогне да се постигне мир и спокој ...

  • Вредноста на биткоинот рапидно расте, запиша највисока вредност од мај Вредноста на биткоинот рапидно расте, запиша највисока вредност од мај

    Пазарот на криптовалути е во „зелено“ утрово и расте во вредност, а биткоинот ја достигна својата највисока вредност од мај.

  • Во Германија заработка и до 3.000 евра месечно без познавање на јазикот Во Германија заработка и до 3.000 евра месечно без познавање на јазикот

    Во Германија, каде живеат голем број Балканци, главно работат на потешки работни места, како што се градежништвото, каде што просечно заработуваат до 2.500 евра месечно. Во Германија има многу жители од регионот кои се вработени во угостителство, каде платите се нешто помали и во просек изнесуваат околу 1.800 евра. Во оваа економски најразвиена европска земја, медицинските сестри заработуваат до 2.600 евра, а вака изгледаат платите за сите работни места.

  • Рекордно штедење на Хрватите во услови на пандемија Рекордно штедење на Хрватите во услови на пандемија

    Годината на пандемијата во Хрватска ќе биде запаметена по драматичниот пад на БДП, но и по рекордниот раст на заштедите на граѓаните, пренесува Хина. Според податоците на Хрватската национална банка (ХНБ), стапката на штедење на домаќинствата во Хрватска во 2020 година изнесувала 14,4 проценти, што значи дека Хрватите ја оставале настрана секоја седма куна заработена минатата година.

  • На кој тип на личност припаѓа вашиот шеф? На кој тип на личност припаѓа вашиот шеф?

    Емоциите што ги покажуваа шефовите порано беа знак на слабост, но истражувањата покажуваат дека лидерите кои се способни да покажат автентични чувства и ранливост, можат да ги искористат предностите од најдобрите квалитети на работниците, имаат поголем авторитет.

  • Храна што треба да ја јадат претприемачите за да бидат успешни Храна што треба да ја јадат претприемачите за да бидат успешни

    Поради големиот број обврски, стрес, притисок… експертите предупредуваат дека претприемачите претставуваат чувствителна група што мора да води сметка за исхранa

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде