Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Велосипедистите во Германија добија мост со подно греење
Велосипедистите во југозападна Германија добија невиден луксуз: мост со подно греење специјално направен за нив
-
IKEA отвора продавница со нула паркинг места
Шведскиот гигант IKEA на 26 август ќе отвори продавница за мебел без паркинг во Виена и е замислена во духот на дигитализација и одржливост. За пазарење не ви е потребна голема количка, туку само паметен телефон со апликацијата на IKEA
-
Почна продажбата на билети за туристички вселенски летови
Позната е и цената...
-
Шкотска дестилерија користи гориво за камиони базирано на виски
Иако вискито е нешто што не треба да се поврзува со возење, сепак една компанија го користи на паметен и еколошки корисен начин
-
Паѓаат цените на нафтата на светскиот пазар
Цените на нафтата на светскиот пазар паѓаат покрај загриженоста дека зголемениот број на заразени со делта сојот може да влијае на побарувачката за овој извор на енергија.
-
Дали може да купите државјанство со криптовалути?
Спротивно на вестите што се појавуваат во медиумите во последно време, невозможно е да се добие државјанство на една земја во замена за инвестиции во криптовалути.
-
Си-ен-ен отпушти тројца вработени бидејќи доаѓале на работа невакцинирани
На вработените пред извесно време им било испратено писмо во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за сите – и за тие во канцеларија и за тие на терен, а тројцата отпуштени се смета дека ја прекршиле политиката на куќата
-
Дали стакло во природа може да предизвика пожар?
Многу се мали шансите стакло во природа да предизвика пожар, не секој вид на стакло има иста реакција во допир со сонце.
-
Како да заштедите гориво?
Со малку внимание и размислување додека возите, можно е да заштедите до 20 проценти на гориво.
-
„Колешка си расте ползавец во канцеларијата. Колега ги соблекува патиките на пауза“ - Еве како изгледа кога имате колега пештерски човек
Во секоја компанија постојат луѓе кои со своето однесување ги нервираат другите