Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Каде во Европа се пијат најмногу безалкохолни пијалоци?
Скоро еден од десет Европејци на возраст над 15 години пијат засладени безалкохолни пијалоци барем еднаш дневно, според податоците на Еуростат.
-
Етер го надмина биткоинот во однос на растот на обемот на тргување
Тргуваниот обем на етер, втората по големина криптовалута според пазарната капитализација, расте побрзо од биткоинот во првата половина од годината, според „Coinbase Global Inc“, најголемата берза за размена на криптовалути во САД, цитирана од „Bloomberg“.
-
Поради недостиг на чипови затворени погони на Дајмлер
Новиот недостиг на чипови на глобалниот пазар го принуди германскиот производител на автомобили Дајмлер да го запре производството во три германски и во еден унгарски погон.
-
Дигиталниот јуан е сериозен предизвик за доларот
Кина ги победува Соединетите држави кога станува збор за иновации во дигиталните пари, поставувајќи предизвици за статусот на американскиот долар како де факто монетарна резерва.
-
Како порано не се сетивме - откриено за што служат закачалките на количките во маркетите
Редовно ги користите, а сигурно никогаш не сте се запрашале за што служат овие наизглед непотребни испакнатини.
-
Зошто делта сојот претставува закана за американската економија?
Закрепнувањето на американската економија е загрозено од делта верзијата на Ковид-19.
-
Ако вложевте 1.000 долари во биткоин пред 10 години, еве колку пари ќе имавте сега
Најголемата криптовалута во светот го достигна највисокото ниво од 63 000 американски долари во април, но потоа изгуби 50 проценти од својата вредност во следните три месеци. Цената на популарната „паричка“ неодамна падна под 30 000 американски долари.
-
Кина размислува за повисоки извозни тарифи во обид да ја скроти челичната индустрија
Кина размислува да воведе повисоки тарифи за извозот на челик во обид да ја постигне двојната цел за ограничување на домашното производство и зауздување на зголемувањето на цените, што предизвика загриженост во врска со инфлацијата, објави „Bloomberg“.
-
„Amazon“: Не планираме да прифаќаме плаќања со биткоин
Од „Amazon“ ги отфрлија тврдењата во британските медиуми дека компанијата има намера да започне да прифаќа плаќања во биткоини до крајот на 2021-ва година.
-
Колку чинат олимписките медали?
Дали некогаш сте се запрашале колку чинат и колку вредат олимписките медали?