Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
На девојката и дал ДОГОВОР по повод Европското: „Без повици, пораки се забранети, ќе бидам во пабот“
– Нема шанси да сум единствената што добила писмо од дечкото во пресрет на Европското првенство во фудбал – напиша таа со видео што им се допадна на скоро 50.000 луѓе
-
Сомниопатија или нарушување на сонот, честа појава во лето, еве ги причините
Летото е омилена сезона на повеќето. Одморите се приближуваат, слободното време го поминуваме на отворено дружејќи се со драги луѓе, а топлото време и сонцето ни даваат повеќе енергија.
-
ТОП 7 плажи во Хрватска со добар Wi-Fi за вашата летна канцеларија
Оние кои се уште работат од дома оваа година ќе можат да го комбинираат удобното со корисното и да поминат уште неколку недели на море
-
Кои се правата на потрошувачите при испорака на производ?
Една од основните информации коишто треба да ги содржи договорот за купопродажба е токму начинот на испорака и рокот во кој ќе биде испорачан производот
-
Kомпанија изнајмува ,, елегантно пополнети " луѓе за 15 евра на час – услов? Секој кој тежи над 100 килограми е во игра!
Новата јапонска услуга привлече големо внимание во јавноста заради тоа што им нуди на компаниите и на приватните лица изнајмување на дебели луѓе
-
Колку навистина треба да јадете?
Иако се смета дека 2.000 калории дневно се вистинската мерка за жените, а 2.500 калории за мажите, не мора да значи дека е така, бидејќи многу нешта зависат од базниот метаболизам, т.е. од калориите што ги трошиме само врз основа на функционирањето на организмот во мирување.
-
Кој чај ви одговара според крвната група?
Чајот може да биде најсовршениот напиток.
-
Како некој може да ги види сите слики и видеа на вашиот заклучен телефон благодарение на „баг“ на Facebook?
Откриена е грешка во функцијата Messenger Rooms на Facebook што му овозможува на напаѓачот пристап до сите приватни фотографии и видеа, како и други чувствителни податоци зачувани на заклучен телефон
-
Стресот влијае на забите - внимавајте!
Некои луѓе несвесно чкртаат со забите во сон, па не ја ни знаат причината за нивните проблематични заби, а други пак ги стискаат вилиците.
-
Најскапата, но и најпопуларната плажа во Црна Гора - еве како изгледа
Кристалното чисто море, зеленилото кое прави сенка, песокот под стапалата...