Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Грчки остров во карантин поради коронавирусот
Зголемување на инфекцијата со коронавирус на грчкиот остров Калимнос ги активираше властите да го стават под блокада, ден откако беа ублажени ограничувањата ширум земјата.
-
Белгиски земјоделец ненамерно ја прекрои границата со Франција
Белгиски земјоделец го привлече вниманието на јавноста откако ненамерно ја прекрои границата меѓу Белгија и Франција. Промената ја забележал еден ентузијаст по историја, кога откри дека меѓите кои ги означуваат границите на двете земји се поместени за 2.29 метри, пренесува „Н1“.
-
Словенците чуваат 23 милјарди евра во банките
Средствата на словенечките домаќинства на депозитните сметки во банките се зголемија за над две милијарди евра – на рекордни 23 милијарди евра во пандемиската 2020 година во споредба со претходната година, објави денеска Банката на Словенија.
-
На „иБеј“ ќе може да се купува со крипто валути
Американската платформа за интернет трговија „иБеј“ (eBay) е отворена за можноста за прифаќање на крипто валути како средство за плаќање во иднина, објави компанијата.
-
Кога производството беше масовно, работата платена а работникот господин
Што се се произведуваше во СФРЈ?
-
Која е најдобрата земја за живот во 2021
Канада е избрана за најдобра земја во живот за светот во 2021 година, а земјите се категоризирани и избрани според степенот на подвижност, моќ, општествено одговорен бизнис, положба на жените, расна еднаквост, пренесува „U.S. News and World Report“.
-
Гугл заштедил милијарда долари со работењето од дома
Со олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на коронавирусот, се повеќе луѓе резервираат патувања и хотели преку интернет. Ова е многу добро за рекламниот бизнис на Гугл
-
Мај ќе биде месец за големи промени кај овие хороскопски знаци
Проверете дали сте меѓу нив
-
Креаторите на содржини на Instagram наскоро ќе можат да заработат повеќе
Следниот поголем чекор за Instagram ќе биде да им дозволи на креаторите на содржини да заработат повеќе пари. Компанијата подготвува пакет алатки, вклучително и Creator Shops, Affiliate Commerce и “branded content marketplace”.
-
Британската Кралска ковачница изработи златна пара од 10 килограми
– Британската Кралска ковачница изработи златна пара тешка десет килограми. Ова е најтешката досега „паричка“ во нивната 1.100-годишна историјата, пренесува „Гардијан“.