Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Првиот твит во светот продаден за вртоглави 2,9 милиони долари
Џек Дорси, шефот и ко-основач на Твитер, го продаде својот прв твит во форма на незаменлив токен (NFT) во понеделникот за нешто повеќе од 2,9 милиони долари.
-
Објавен венчалниот документ на Меган и Хари: Парот ја излажал целата планета во интервјуто кај Опра?
Меган Маркл изненади многумина во големото интервју со Опра Винфри, кога изјави дека таа и принцот Хари се венчале 3 дена пред официјалната церемонија која ја проследи целиот свет, но сега во јавноста „исплива“ документ кој јасно докажува дека тоа не е вистина.
-
Не е времеплов: Аудио касетите се продаваат како “алва“
Иако веќе одамна се излезени од мода, бидејќи добија посовремена замена во форма на ЦД-а, а во последно време и стриминг музика на паметни уреди, во последните неколку години расте продажбата на аудио касети.
-
Дубровник добива сопствена видео игра
My Dubrovnik е city building видео игра преку којашто корисникот може виртуелно да се прошета низ хрватскиот туристички град и да ги запознаат тајните на Дубровник.
-
Повеќе ништо нема да биде како претходно? Научниците потврдија дека нè чека нереална промена во годишните времиња
Новите генерации кои што допрва треба да дојдат и да уживаат во сите благодети кои ги нуди светот, едноставно нема да веруваат што ги снашло.
-
Вашето омилено годишно време открива многу за вашиот карактер и емоции: Проверете на кој тип припаѓате
Во кое годишно време најмногу уживате во пролет, лето, есен или зима? Размислете внимателно и ќе добиете одговори што се однесуваат на вашата личност.
-
На 21-ви Март почнува моќен астролошки период за овие 3 знаци
Овие 3 знаци ќе привлекуваат среќа како магнет
-
Нивниот паричник е секогаш полн: Овие 4 хороскопски знаци најдобро знаат да раководат со пари
Проверете дали сте меѓу нив
-
Официјално: Дизниленд се отвора на 30 април
Една година откако Дизниленд ги затвори вратите и отпушти илјадници работници поради пандемија на Коронавирусот, тој ќе продолжи со работа на 30 април.
-
Ќе има ли фестивали во 2021 година?
Може ли фестивалскиот свет да биде оптимист или сè уште е рано?