Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Растенија кои треба да ги засадите во месец април: Ќе цветаат до доцна есен и ќе ја разубават вашата тераса или градина со ведрите бои
Нивната убавина ќе ги краси вашите градини и тераси сѐ додека не одлучите да посеете или посадите нешто друго.
-
Слаткарница ги моли посетителите: Џвакајте внимателно, изгубивме дијамант, можеби е во колачот
„Тој прстен ми беше на прст 36 години. Дијамантот некако испадна од него, најверојатно во слаткарницата“, рекла Даун Сис Монро, пренесува upi.com. Сопственичката на слаткарницата во Канзас сега апелира до сите кои минатите денови биле кај неа внимателно да џвакаат. Постои сомнеж дека дијамантот е во печивата или во некој колач.
-
Тројца рибари по седум дена спасени од пуст остров благодарение на „генијален потег“
Тројца рибари се спасени од пуст остров по еднонеделна потрага, откако крајбрежната стража на американската морнарица ги забележала кога на плажата виделе порака „Помош“ направена од листови од палма.
-
Ракија: Лек или мит? Фармацевтите ја објаснуваат вистината за „народната медицина“ од Балканот
Ракијата е традиционален пијалок на народите на Балканот, првенствено јужните Словени: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Србија. Се прави од различни видови овошје – најчесто од сливи и содржи околу 40% алкохол, но домашната ракија може да биде многу појака и да содржи помеѓу 50 и 60% алкохол.
-
Доколку барате евтино место за одмор, дефинитивно одличен избор: Дури три најекономични и атрактивни дестинации се во Европа, од кои две на Балканот
За многумина, цените и трошоците се еден од најважните фактори при планирањето на одмор.
-
Дали знаете како изгледа мешавина од бигл и далматинец? Оваа раса е сè попопуларна во САД
„Биглматинец“ е интересна раса на кучиња која настанала со вкрстување на бигл и далматинец. Бидејќи потекнува од Соединетите Американски Држави, оваа мешана раса е прилично нова, но брзо станува популарна меѓу семејствата.
-
Одлична вест за корисниците: iPhone 17 Pro ќе има неверојатна промена?
Според најновиот извештај од Далечниот Исток, iPhone 17 Pro ќе биде првиот што...
-
Со овие пет совети можете полесно да ја пребродите пролетната сезона на алергии
Со доаѓањето на пролетта кај многу луѓе се јавува алергија на полен, која може да биде многу непријатна и да го попречи секојдневниот живот.
-
САНТОРИНИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС: Кинезите направија реплика на грчкиот остров
Кинезите кои немаат можност да патуваат во Санторини во Грција добија своја реплика на познатиот остров.
-
Вашата облека има застоен мирис? Еве како потполно да го отстраните, без да ја перете!
Облеката може да добие карактеристичен мирис на застоеност ако стои подолго време влажна во машината, ако се чува влажна во плакар или ако се суши долго време во просторија со слаба вентилација. За среќа, тој непријатен мирис може да се отстрани од облеката без перење.