Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Две растенија кои носат несреќа во домот – доколку веќе ги имате задолжително е да ги чувате надвор
Овие две растенија се сметаат за енергетски вампири, а истите внесуваат многу негативна енергија во домот.
-
Ако го почувствувате овој мирис во вашиот автомобил, однесете го на сервис што е можно поскоро
Што ако вашиот автомобил испушта многу специфичен мирис, особено оној што наликува на расипани јајца, а вие едноставно не можете точно да одредите од каде доаѓа?
-
Легендата се враќа: Најавена „Nokia 3210“ со поддршка за 4G
„HMD Global“ го најави враќањето на легендарниот модел „Nokia 3210“, сега во верзија со 4G, што предизвика голем интерес кај љубителите на технологијата и носталгичарите.
-
ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“
Фотографија од еден угостителски објект во Белград ги бранува социјалните мрежи. Поточно станува збор за пицерија, која привлече големо внимание, но и револт кај граѓаните поради поскапувањето на производите кои ги нудат.
-
Сите го пиеме, но малкумина го знаат потеклото на овој пијалок: Еве како и каде настанало кафето
Без сомнение, кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот. Се цени и поради неговиот специфичен вкус и поради посебниот начин на подготовка. За да разбереме како настанало кафето, треба да се вратиме назад во времето и да ја истражиме неговата интересна историја.
-
Местото во кое е забрането да бидете надвор од 10 до 17 часот: Животот е еднаков на пекол, луѓето работат од полноќ, но имаат бесплатни лекови и не плаќаат данок
Немилосрдното сонце ги натерало властите на оваа земја да воведат закон со којшто се спречува излегување надвор кога е најголемата жештина.
-
Каде се наоѓа најстариот хотел на светот? Постои веќе 1400 години, а и денес изнајмува соби и има феноменални рецензии
Сакате да отседнете на место на кое времето практично застанало? Ако одговорот е „да“, одете далеку, сè до јапонската префектура Јаманаши и побарајте го хотелот наречен „Nishiyama Onsen Keiunkan“.
-
КРУЖЕН ТЕК ОД ПЕКОЛОТ: Ова може да го проектира само некој кој никогаш не возел автомобил
Сместен во централната административна единица на Англија - Вилтшир, овој кружен тек е вистинска авантура за возачите.
-
Крај на една ера: „Audi“ го заврши производството на моделот R8, последниот примерок оди во музеј
На убавите работи секогаш им доаѓа крајот, а истото може да се каже и за „Audi R8“, чие производство и официјално заврши.
-
Хотел ќе ви ги врати парите доколку врне дожд за време на вашиот одмор - Одличен маркетиншки потег!
Бидејќи во Сингапур врне во просек 171 ден годишно, еден хотел во градот Лав ризикува за да се погрижи дождот да не им го расипе одморот на гостите. Ова е ризичен, но маркетиншки оправдан потег.