Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Зошто Никола Тесла бил опседнат со броевите 3, 6 и 9? Тој ги сонувал овие бројки, а еве и објаснување за нив
Никола Тесла особено внимание им придавал на броевите 3, 6 и 9. Неговата опсесија со овие бројки и денес интригира, а еве што се знае за научната тема со примеси на духовното.
-
Колку добро слушате? Направете го овој едноставен тест и проверете си го слухот
Тешко е да се забележи губењето на слухот бидејќи тој се влошува како што старееме. Тоа е така затоа што ситните слушни клетки кои личат на влакна во вашето внатрешно уво сѐ повеќе се оштетуваат со текот на годините.
-
Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот: Еве кој се врати на првото место
Џеф Безос ја врати титулата најбогат човек на светот, претекнувајќи го Илон Маск, според индексот на милијардери на Блумберг во понеделникот.
-
Во ова место можете „да ловите вештерки“ и тоа е туристичка атракција
Доколку сакате да искусите нешто поинакво, да запознаете мали градови со богата историја и импресивна глетка, тогаш регионот на...
-
Внимателно погледнете ги монетите во паричникот: Можеби имате една од овие 5, тие можат да ви донесат богатство
Страницата Флоринус состави преглед на најценетите монети од две евра, меѓу кои се издвојуваат некои примероци чија вредност достигнува илјадници евра.
-
Тајни знаци што укажуваат дека нешто не е во ред за време на летот
Природно е да се плашите од летање, особено кога чувствувате турбуленции. Сепак, турбуленциите не се проблем, па затоа е добро да знаете некои тајни знаци што укажуваат дека има некој проблем додека летате.
-
Дали сте слушнале за „златната крвна група“? Ја имаат помалку од 50 луѓе во светот
Златната крв е толку ретка што би можеле да ја платите со злато. Секој може да ја прими при трансфузија, а може да биде проклетство за носителот.
-
ЖЕНА ОД БАЛКАНОТ ПРАВЕЛА ТОРТИ НА ЦРНО ВО АВСТРИЈА И СПЕЧАЛИЛА 72.000 евра: На крај им паднала во рацете на финансиската полиција
На социјалните мрежи се појави соопштение во кое се наведува ситуацијата во која се нашла жена од Балканот, која освен што се пријавила во австрискиот Завод за вработување, решила да заработи екстра пари правејќи слатк на црно и и на тој начин успеала да собере дури 72.000 евра.
-
Дали навистина пилотите избегнуваат да летаат над Бермудскиот триаголник: Еве што велат експертите
Непосредно покрај брегот на југоисточна Флорида, Бермудскиот триаголник опфаќа голема површина на Атлантскиот Океан, која со векови е легендарен извор на митови и мистерии. Постојат приказни за морнарите и нивните бродови изгубени во морето, или за авионите што поминале над тој предел, кои никогаш повеќе не се видени.
-
Како беспрекорно да го дезинфицирате домот?
Многумина при чистењето на домот не се свесни дека прават големи грешки, па не само што губат време, туку дозволуваат прашината и микробите да се задржуваат во домот.