Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Како Швеѓаните ги греат куќите бесплатно користејќи енергија од компјутерите
Нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема вест во еколошките технологии.
-
Работа со непроценлива вредност: Дури и најбогатите не можат да си ја дозволат
Грам од оваа недофатлива супстанција вреди околу 62,5 трилиони американски долари.
-
Три сестри наследиле монета од 1975 година и се збогатиле преку ноќ, монетата ја продале за 500.000 долари
Наследиле монета од доцните 1970-ти, не знаејќи дека тоа засекогаш ќе им го промени животот.
-
До 2030 година, вештачката интелигенција ќе троши три пати повеќе енергија во Европа
Зголемената побарувачка за електрична енергија од ВИ би можела да ги забрза климатските промени
-
Нови опасности за поларните мечки поради глобалното затоплување
Како што се загрева Арктикот, поларните мечки се соочуваат со нови опасности
-
Каква треба да биде формата на чашата за пивото да остане ладно?
Клаудио Пелегрини, професор по термички и флуидни науки од Бразил, ја пресметал оптималната форма на чаша за пиво со цел да се задржи пивото ладно колку што е можно подолго
-
Што значи симболот за DPF на дизел автомобилите?
Дали знаете како изгледа тој симбол и што треба да направите ако се запали тоа светло?
-
Годинава сè уште не паднал снег на јапонската планина Фуџи, што не се случило 130 години
Сè уште не паднал снег на највисоката јапонска планина Фуџи, што е најдоцнежен датум нејзините падини да се без бела покривка откако се води евиденција која започна пред 130 години.
-
Германците бесни: Реформата на данокот на недвижности ќе зголеми трошоци до 60 пати
Домувањето во Германија веројатно ќе поскапи за милиони луѓе од 1 јануари 2025 година.
-
Кои се најпродаваните автомобили во Европа?
Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година.