Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ривал на iPhone би можел да чини помалку од 400 евра?
Има сè поголема потврда дека следниот телефон на компанијата Nothing ќе има ниска цена.
-
Германците тврдат: Најагресивните возачи најчесто ја бираат оваа марка
Тие ве удираат од позади и возат на милиметар зад вас. Вртат и менуваат сообраќајна лента без трепкач. Ве претекнуваат на кривина. Ве заобиколуваат на автопат од десна страна. Како луди ви светкаат ако, по ниво мислење, не сте го поминале камионот доволно брзо. Тоа се агресивните возачи за кои – тврди истражувањето на германскиот институт „Innofact“ и автомобилскиот портал „Leasingmarkt“ – дури 90 проценти од возачите тврдат дека постојат.
-
Проверете колку е често вашето презиме во Македонија и во светот
Ако некогаш се прашувавте колку во светот е застапено вашето презиме, одговорот е тука.
-
Еве како изгледало CV - то на Бил Гејтс – и најдобрите грешат
Биографија стара 48 години
-
3 важни работи на кои треба да им кажете „не“ во 2024 за да бидете (по) среќни
Постои огромна разлика помеѓу тоа да се каже ДА на сè и да се знае кога да се каже НЕ, што е клучно за среќата.
-
Миризливите свеќи можат да предизвикаат здравствени проблеми, покажува истражување
Миризливите свеќи често се омилен украс во домовите ширум светот. Но, според најновото истражување објавено во американското списание „Annals of Medicine and Surgery“, овие свеќи можат да имаат негативни ефекти врз здравјето.
-
Ова е пица со 1001 вид сирење: Да, добро прочитавте
Пицата печена во Франција го собори Гинисовиот рекорд за најмногу сирења на пица - оваа креација која соборува рекорд вклучува 940 француски сирења и 61 сирење од други делови на светот, а ја подготвија француските пица мајстори Беноа Бруел и Фабиен Монтеланико.
-
Оваа земја е бисер на Медитеранот со 300 сончеви денови во годината – еве по што е посебна
Малта, сончевата убавица на средниот Медитеран, нуди богата историја, култура и прекрасни плажи.
-
Еве како на едноставен начин да се ослободите од малите муви од цвеќињата во затворен простор
Малите мушички кои можат да влијаат на растот и цветањето на домашните растенија се особено досадни, односно ги забавуваат.
-
Колку долго може храната од Нова година да остане во фрижидер?
Во периодот по Нова година нашите фрижидери се полни со остатоци од храна. Прашањето за тоа колку долго е безбедно да се чуваат остатоците е вообичаено прашање во овој период.