Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Екраните чувствителни на допир во автомобилите поопасни од возење под дејство на алкохол?
Користењето на екран чувствителен на допир во автомобилот значително го продолжува времето на реакција на возачот во непредвидливи ситуации во сообраќајот, покажува неодамнешна студија
-
Работа од соништата во Дормео: Заработи 1.000 евра за еден ден спиење
Апликацијата за Дормео спијачи е отворена, а наградата оваа година е 1.000 евра!
-
Кога е вистинското време за вашето утринско кафе?
И покрај фактот дека голем број на луѓе го пијат првото кафе веднаш по станувањето од кревет, научниците тврдат дека има многу подобро време за тоа.
-
Несекојдневна случка во САД: Крадец заспал на работно место
Сонот не познава време и место. Тоа го потврдува и оваа неверојатна случка во САД каде осомничен за кражба бил фатен како спие, олеснувајќи им ја целата работа на истражителите.
-
Работа од соништата: Плаќаат 100 евра дневно за да спиете!
Ако сте меѓу оние кои обожаваат да спијат и често прават snooze на својот будилник за да ќарат барем уште 10 минути сон, можеби ја имаме вестинската работа за вас! Компанија од Велика Британија ќе ви плати за да го правите тоа!
-
Ова се петте навики на најбогатиот човек на светот
Богатството на Џеф Безос е проценето на 121.1 милијарди долари. Тој ги откри неговите секојдневни навики, кои можеби нема да ве направат богати, но сигурно ќе бидете поуспешни.
-
Компанијата сака вработените да се среќни: Amazon им плаќа на работниците да дадат отказ
Компанијата Amazon има решение за работниците кои не сакаат повеќе да работат во таа компанија и им плаќа за да заминат.
-
Со џиновски букви на авион Делта им се заблагодари на вработените
Авиокомпанијата Delta Air Lines е вистински пример за тоа како една компанија треба да се грижи и да ги почитува своите вработени.
-
Во Србија ќе се отвори “Реалити шоу Академија“
Една национална телевизија во Србија ќе започне академија за актери во реално шоу
-
Стив Џобс: Што е разликата помеѓу директор и чистач?
Стив Џобс имаше големи очекувања од себе, но и од своите соработници, особено од тие што се вработени на менаџерски позиции