Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Уморни од студот? Овие европски дестинации во зима „ги галат“ сончевите зраци, а температурите се движат околу 20 степени
Во нашите краеви и оваа година декември покажува остри заби и ни донесе многу ниски температури, па веруваме дека многумина сонуваат за одмор во потоплите предели.
-
Уредете ја бањата според овие фенг шуи правила – поради што вратата секогаш треба да биде затворена?
Фенг шуи е древна азиска мудрост која се користи за оптимизација на протокот на енергија во вашиот дом.
-
Вечна дилема: Дали да одберете автомобил со автоматски или мануелен менувач?
Автоматските менувачи во автомобилите го имаат својот пик. Во голем дел од модерните автомобили повеќе од задоволителна е улогата која ја имаат, и од генерација во генерација работат се подобро. Побрзи се од мануелните, добро се согласуваат со навиките на возачот, и траат долго со нивно редовно одржување.
-
Колку чини просечниот електричен автомобил во Германија?
Новите електрични автомобили стануваат се поскапи. Ова може да го забави растот на пазарот, предупредуваат експертите. Зголемувањето на цената ги опфаќа речиси сите категории возила.
-
Декември, а плажите полни! Температурата е речиси 30 степени – не е Бали, ова е во Европа
Шпанија забележа најтопол декемвриски ден во историјата – температурите во вторникот во Малага се искачиле до 29,9 степени Целзиусови, во Валенсија се измерени 27, во Аликанте 24 степени Целзиусови, пренесува „Daily Mail“.
-
Италијанската полиција вози „Lamborghini“
Љубовта на италијанската полиција кон суперспортските производи на „Lamborghini“ не е нова, но изборот на приновата е.
-
Дали постои Австралија? Зависи кого прашуваш
И покрај сите докази, Австралија не постои – барем тоа е информацијата што можевте да ја добиете неодамна...
-
Овие филмови и серии беа најпребарувани на Google во 2023 година
Гугл Трендс објави листа на најпребарувани термини во пребарувачот Google оваа година. Од Барби до The Last of Us, листата ги вклучува најголемите филмски и телевизиски хитови за 2023 година. Во продолжение дознајте кои филмови и серии ги зазедоа првите пет места на рангирањето.
-
Што се случува со вашето тело по само една непроспиена ноќ? Можеби сепак треба да ги почитуваме препораките за минимален сон
Иако спиењето во текот на ноќта е неопходно за човечкото тело да биде подготвено за секојдневно функционирање, на многу луѓе им се случило зад себе да имаат непроспиена ноќ. Но, иако една непроспиена ноќ не изгледа како ништо значајно, може да му наштети на вашето тело.
-
Не сте во врска и немате со кого да патувате? Објавена листа на најдобри европски дестинации за самци
Собирајќи податоци за самци, апликации за запознавање, социјален живот и мислењата на жителите, блогот за патувања „Enjoy travel“ ги објави 50-те најдобри европски градови за самци.