Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Техники за дишење додека трчате
ВО ПРЕСРЕТ НА УТРЕШНИОТ МАРАТОН
-
ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАЈ- Добивка за некои знаци, проблеми со здравјето за други
Се подготвувате за далечен пат и знаете дека тоа воопшто нема да биде лесно патување. За среќа, не одите сами, но тоа и не е некоја утеха за вас, бидејќи одите со личност на која не можете многу да сметате. На ова патување ќе имате можност да размислите повеќе околу тоа што ви се случува и сѐ што сакате да промените кај себе.
-
На вработените им дава по 1.700 евра за да одат на одмор - тие му враќаат со поголема продуктивност
Марк Даглас, маркетинг директор на компанијата СтилХаус вели дека им дава пари на своите вработени за да одат на одмор, а тие му возвраќаат со поголема продуктивност.
-
Овие знаци од зодијакот се најголемите егоисти
ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ
-
Ги донирал милијардите и ги оставил децата во сиромаштија
Трите деца на милијардерот од Хонг Конг, Винг – Чинг Ших не добија ништо од неговот наследство бидејќи се што поседува донирал во хуманитарни цели.
-
Голема тајна на авио компаниите – зошто летовите траат се подолго?
Во шеесеттите години требало пет часа летање од Њујорк до Лос Анџелес, и само 45 минути да прелетаат од Њујорк до Вашингтон. Денес тие исти летови траат шест часа, а другиот 75 минути, иако воздушните патеки никаде не се поместиле.
-
ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНААТ СИТЕ ХРИСТИЈАНИ: Зошто јајцето претставува симбол на Велигден!
Вапсувањето јајца за Велигден има своја симболика која нe cмee да ја забopавиме.
-
Топ 5 листа: Кои автомобили возат најдолго на резерва?
Колку и да се трудите да имате доволно гориво во резервоарот на вашиот автомобил, често се случува да засвети сијаличката за резерва.
-
Еве што се треба да направите за да добиете работа во Google
Во Google пристигнуваат околу три милиони апликации годишно, а компанијата прифаќа само 0.2 проценти од нив.
-
Колку често треба да ја менувате постелнината?
Вашиот кревет е многу повалкан од тоа што си мислите. Само замислете 100 литри пот годишно и кажете дека тоа не е доволна причина да ја перете постелнината почесто.