Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Еден идентичен близнак се подложил на веганска исхрана, додека другиот не - ова се резултатите од истражувањето
Здрави близнаци кои 8 недели следеле веганска исхрана имале понизок ЛДЛ холестерол, подобро ниво на шеќер во крвта и изгубиле повеќе килограми од нивните браќа и сестри кои јаделе месо, покажа новото истражување.
-
Вештачката интелигенција открива како би изгледале македонските градови кога би биле дел од светот на Дизни
Фотографиите генерирани со помош на вештачката интелигенција веќе некое време се хит на социјалните мрежи, а сега се појави и една серија фотографии која ги освои нашите срца.
-
Град им нудел милиони на луѓе за да се доселат, но имало бизарен услов - никој не се јавил
Стратегијата била дизајнирана за 2021 година, но за кандидатите имало услов...
-
Вештачката интелигенција ќе открива лажни вина
Научниците обучија алгоритам кој ќе го следи хемискиот состав на виното толку прецизно што ќе може да одреди од каде доаѓа грозјето од кое е направено.
-
Барби се најде на листата 100 најмоќни жени во светот на Форбс
При изборот на истакнати жени во сите полиња, од политиката и претприемништвото до светот на забавата, магазинот Форбс се води според критериуми кои се сведуваат на пари, медиумско присуство и лично влијание. Објавена е нивната листа на најмоќни жени во 2023 година.
-
Во кои земји од Европската унија живеат најсреќни луѓе? Резултатите би можеле да ве изненадат
Откриени се најсреќните нации во Европската унија, а резултатите може да ве изненадат ако се земе предвид дека Австрија, Полска и Романија се на врвот на листата, додека Германија е претпоследна.
-
Ова е најубавиот автомобил за 2023-та година: Во жирито биле шефовите за дизајн во „Audi“ и „Mercedes“!
Престижната награда за најубав дизајн на автомобил произведен во 2023-та година ја доби шведскиот „Polestar 4“, електрично „SUV“ купе. Оваа награда ја додели жири-комисија составена од професионални дизајнери на автомобили, а веста е објавена во најновото печатено издание на „Car Design Review“, во сопственост на „Car Design News“.
-
Тајкун вреден 10 милијарди евра сака да го посвои својот градинар и да му остави се
Николас Пуех, внукот на основачот на Хермес, се проценува дека има богатство вредно меѓу 9 и 10 милијарди швајцарски франци. Тој е самец и нема деца, а сега неговиот план е да напише тестамент и да го додели своето огромно богатство со својот поранешен градинар.
-
Затвор во кој луѓето сакаат да одат - И плаќаат 90 долари за тоа
За повеќето луѓе, затворот е место каде што никогаш не би сакале да бидат, но сепак некои Јужнокорејци бараат одмор од бурното темпо на живот во лажен затвор.
-
Како изгледа колекција автомобили вредна над 100 милиони долари?
Колекцијата содржи над 100 автомобили, а наскоро драстично ќе порасне.