Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Седум едноставни работи што мал број луѓе можат да ги направат: Дали вие сте едни од нив?
Според бројките, само 10% од светскта популација може да го допре врвот од носот со својот јазик.
-
Македонците тоа го прават без пари - во САД за ова се даваат и 1.000 долари
Дејвид Холстен (18) бил во посета на својата мајка во болница во Вашингтон, кога пријател му предложил во весник да објави оглас за давање услуги, односно за чистење снег.
-
Неделен хороскоп 18.02.2019 до 24.02.2019
РАБОТА: Одлична недела за работа, особено доколку е приватен бизнис. ЉУБОВ: Малку се имате одалечено од партнерот. Искористете ја оваа недела за вас двајца. Посветете се максимално на вашиот партнер. ЗДРАВЈЕ: Нискиот притисок може да предизвика вртоглавица и замор.
-
Ова е најдоброто време за споделување фотографии на Инстаграм
Дали се сложувате?
-
Која е жената чие име ќе го носи роверот што ќе бара живот на Марс?
Во 2021 година, ако се оди според планот, Розалинд Френклин ќе се спушти на Црвената планета за да пребарува хемиски елементи кои упатуваат на некогашно или тековно присуство на живот на Марс, пишува Science Alert.
-
Италија: По 25 евра месечно за секој што на работа ќе дојде со велосипед
Бари е првиот италијански град кој ќе им плаќа на граѓаните да доаѓаат на работа со велосипед.
-
Пиварница од Единбург нуди работа од соништата за сите љубители на пивото
Пиварница во Единбург го нуди она што за многумина љубители на пиво може да биде работа од соништата откако објави оглас за вработување на асистент за подготовка на пиво
-
“Моите вработени доаѓаат на работа кога сакаат и земаат повисоки плати отколку во Германија“
Јосип Мајиќ е сопственик на ИТ компанија која работи на американскиот и европскиот пазар. Во неговата компанија Tech Resources секој вработен има целосна слободна да го организира својот работен ден – според него, тоа е една од тајните за успешен бизнис и задоволни вработени.
-
Само 2% од луѓето можат да ја решат – загатката на Ајнштајн
Ова е загатката на Ајнштајн, а тој рекол дека само 2% од луѓето можат да ја решат.
-
Заработка од 25 евра на час и платено сместување и храна - оваа шведска компанија ви нуди работа од соништата
Дали би сакале да скијате и за тоа да бидете платени? Звучи како работа од соништата, зарем не?