Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Паузата на работа е продуктивна: Еве ги ПРИДОБИВКИТЕ од паузата
Одморот често се претставува како антитеза на успехот. Во културата која често ја глорификува „дневната борба“, долгочасовното работење, ручекот на канцелариското биро и немањето време да правиме нешто надвор од нашата работа станаа значки на честа.
-
На која возраст детето треба да го добие првиот телефон? Прашање кое мачи многу родители
Повеќето родители го поставуваат ова прашање, а дали воопшто постои точен одговор?
-
Британците овој Божиќ ќе трошат повеќе на домашни миленици отколку на партнери
Многумина кои имаат домашно милениче, на него гледаат како на нивното крзнено бебе и сакаат да го разгалат, како што секој родител би го разгалил своето дете. Можеби ова е причината зошто многу Британци ќе потрошат повеќе пари на своите миленици отколку на подароци за својот партнер овој Божиќ.
-
Како изгледа листата на најмоќни жени во светот за 2023 година?
Како и секоја година во декември, престижниот магазин Forbes објави листа на највлијателни жени, а на листата за 2023 година се најдоа бројни имиња од светот на политиката, економијата и шоубизот.
-
Во британскиот „Милионер“ прашање за ракијата Сливовица за 150.000 евра: Натпреварувачот мораше да ја повика мајка му за помош
Прашањето за 125.000 фунти во британското издание на квизот „Кој сака да биде милионер“ стигна и до балканските корисници на социјалните мрежи бидејќи се однесуваше, ни помалку ни повеќе, на ракијата Сливовица.
-
Кога е најдобро да ја накитите новогодишната елка за во 2024 година да привлечете среќа и благосостојба во куќата – ова се петте среќни датуми
„Новогодишното лудило“ започна, а истото подразбира празнична еуфорија во свој полн сјај.
-
Затнат нос, кашлица, кивање – не нужно се симптоми на настинка: Понекогаш се сигнали за „Новогодишен синдром“
Иако настинката е синоним за зима и не е невообичаено да се чувствувате лошо во овој период од годината, можеби настинката не е виновникот за течење на носот. Затнат или течење на носот, чешање и насолзени очи, кивање и кашлање, исто така, може да бидат знаци на алергија предизвикана од новогодишните украси – изјави д-р Бавини Шах за The Sun.
-
Ќе ви требаат околу 22,7 години за да јадете во секој ресторан во Њујорк
Според податоците на Open Table, можете да јадете на различно место еднаш дневно во текот на 22,7 години и никогаш да не одите на исто место двапати. Оpen Table, компанија која резервира маси во последен момент во сите видови ресторани, има 8.282 бизниси наведени во петте општини во Њујорк.
-
Проветрување во зима: Дали е пожелно и колку долго треба да ги држиме прозорците отворени?
Зимата со себе, покрај ниските температури, носи и дожд, магла и снег, односно зголемена влажност на воздухот.
-
Островот на кој огледалата се забранети, за тоа постои добра причина која се поврзува со тешкото минато
Овој остров се наоѓа во Грција, покрај далеку познатиот и поголем „брат“ Крит. Во историјата бил познат по не баш прекрасните времиња, што во голема мера влијаело на тоа островот да биде долго под туристичкиот радар.