Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Како да престанете да се грижите за тоа што другите луѓе мислат за вас?
Природно е да побарате совет пред да донесете голема одлука, но треба да бидете внимателни да не ве преоптоваруваат туѓите мислења што не ги правите вистинските избори за себе. „Мислењата на некои луѓе навистина имаат значително влијание врз животниот пат на поединецот“, вели психологот Мајкл Џервејс.
-
Лука стана првиот полицаец со Даунов синдром во регионот – го оствари сонот иако многумина не веруваа во него!
Младиот Лука Багариќ е доказ дека се што се сака може да се оствари само ако силно веруваш во себе.
-
Греено вино 1 евро, колбаси и палачинки 2 евра: „Симболични“ цени во најголемата економска сила во Европа
Дисконтниот ланец „Алди“ за Божиќ планира посебна акција: како што се наведува, на најевтиниот божиќен саем во Германија ќе се најде и греено вино за само едно евро.
-
ЛОША ЗИМСКА НАВИКА! Сушењето алишта на радијатор е ОПАСНО
Експертите ги предупредија луѓето да не ставаат мокра облека на радијаторите, бидејќи иако тоа е решение за брзо сушење во текот на зимата, може да му наштети на нашето здравје.
-
Тестот ја открива вашата личност: Што видовте прво на сликата?
Тестовите на личноста ни даваат увид во начинот на кој размислуваме, чувствуваме и се однесуваме. Тие можат да бидат корисна алатка за самостојно учење и личен развој, овозможувајќи ни подобро да ги разбереме нашите сопствени тенденции, силни страни и слабости.
-
Дали знаете како е создадена Кока Кола?
Оригиналниот рецепт за правење Кока-Кола бил осмислен на крајот на 19 век од Џон Пембертон, конфедеративен ветеран, хемичар и фармацевт, кој во тоа време работел за фармацевтската и хемиската компанија „Игл“, од американската држава Џорџија.
-
Плата и после смртта? Ако си вработен во Google и тоа е можно!
Google е една од најдобрите мултинационални приватни компании кои навистина одлично се грижат за своите вработени. Вработените кои се дел од компанијата добиваат одлични примања, а имаат загарантирано право на бенефиции дури и после смртта. Можеби звучи изненадувачки, но семејствата на вработените во Google исто така добиваат плата т.е надомест.
-
Барле е град феномен: се наоѓа и во Белгија и во Холандија, а границата поминува низ куќи и паркови
Со куќи направени од црвена цигла, целосно уредени улиц и штали со големи порти, градот Барле на прв поглед не се разликува од останатите градови кој се наоѓаат на холандско-белгиската граница.
-
Дали треба да oстанете во контакт со поранешните колеги!?
Одржувањето контакт со поранешните соработници е од голема важност, затоа што тие можат да ви овозможат одговори на најразлични прашања и да ви дадат препораки. Постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да останете во контакт со поранешните колеги.
-
Во оваа земја јавниот превоз е бесплатен, постои само еден услов
Земјата на часовниците, банкарите и чоколадото крие бројни пејзажи кои го одземаат здивот, што во голема мера може да се припише на фактот дека голем дел од нејзината територија е покриена со Алпите, кои се познати по тоа што се едни од најубавите планински региони во светот.