Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
20 прашања што Apple ќе ви ги постави на интервју за работа
На разговор за работа во технолошкиот гигант Apple кандидатите добиваат многу необични и збунувачки прашања.
-
Хигиеничарка наплаќала пред тоалет во Штутгарт и незаконски заработила неколку илјади евра
Полицијата во Германија, поведе истрага против хигиеничарка која неовластено наплаќала користење на тоалетите на фестивалот „Канстатер фолксфест“ во Штутгарт. На тој начин таа од посетителите „заработила“ илјадници евра.
-
Во градот кој стана сензација на Инстаграм, властите ставија забрана за инфлуенсерите да ги посетуваат
Градот Помфрет, кој се наоѓа во американската сојузна држава Вермонт, многумина го нарекуваат вистинска сензација на Инстаграм. Прекрасни шуми, портокалови есенски лисја, јаболкници, мали куќички… Местото на многумина им е толку неодоливо што доаѓаат таму само да се фотографираат за социјалните мрежи.
-
Две најлоши навики на колегите на работа – постои трик како да ги избегнете
Можеби ќе сакате да размислите двапати пред да го кренете гласот на состанок или да се пожалите на некој колега зад неговиот грб.
-
Во кои соништа треба да веруваме? Денот кога ќе ги сонувате е клучен
Нe сите соништа се исти или имаат потенцијал да се остварат.
-
Kако Скопје се најде на листата на најдобри градови за дигитални номади?
Дигиталните номади се луѓе кои можат да ја спакуваат својата работа во ранец и да работат од кое било место каде што имаат услови.
-
Почна грејна сезона: Како сами да проверите дали радијаторите работат како што треба?
Почнa грејната сезона во Скопје и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста, според РКЕ. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.
-
Врие од интернет и СМС измами: Како да спречите да ви ја испразнат банкарската сметка?
Измамите преку онлајн апликации, мејл и СМС пораки не се ништо ново, а деновиве македонските граѓани масовно се мети на една таква измама што ги празни банкарските сметки.
-
Облачно и студено со повремен дожд, максималната температура до 15 степени
Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд.
-
Необичните работни позиции во Бакингемската палата
Меѓу другото, таму работат „кралскиот разгазувач на чевли“ и „кралскиот астроном“