Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Поради климатските промени ќе се влоши квалитетот на пивото и ќе поскапи
Ново истражување утврди дека квалитетот на пивото се влошува и дека истото ќе поскапи во баровите поради климатските промени.
-
Мислите дека кафеавиот шекер е подобар од белиот?
Склони сме на верувањата дека кафеавата храна е поздрава од бела, на пример кога станува збор за шекер или ориз. Зошто е тоа така?
-
4 златни совети за успех од првата “self-made“ милијардерка
Познатото телевизиско лице и писателка, Марта Стјуарт, „крева бранови“ во светот на бизнисот од 1970-тите, кога почна да работи како брокер во Њујорк. До 1976 година, таа веќе направи клучна промена во нејзината кариера.
-
Колку пчели ви се потребни за да живеете само од продажба на мед во Македонија?
Пчеларството е една од најстарите и најприродните занимања кои му ги нуди самата природа на човекот. Пчелите не само што произведуваат мед и други корисни производи, туку и ги опрашуваат растенијата и придонесуваат за биодиверзитетот.
-
Во 2024 година во Европа ќе има повеќе лица постари од 65 години отколку помлади од 15 години
Во 2024 година во Европа ќе има повеќе лица постари од 65 години отколку помлади од 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
-
Пресметајте кога треба да си легнете за да се разбудите одморени
Приближно еден од тројца возрасни страда од слаб сон, а секојдневниот стрес е најчеста причина.
-
Во кои професии жените се поуспешни од мажите?
Во кои професии жените се поуспешни од мажите? Ова прашање мошне често се поставува, па затоа издвојуваме шест професии во кои припадничките на понежниот пол речиси секогаш се поуспешни од нивните колеги од спротивниот пол.
-
Поранешна ФБИ агентка открива 9 знаци како да препознаете кога некој лаже
Сите прават барем едно нешто кога ќе се почувствуваат разоткриени!
-
Дали го намалувате звукот на радиото додека паркирате? Постои логично објаснување зошто многумина го прават тоа, а се однесува на безбедноста
Дали некогаш сте го намалиле звукот на радиото во автомобилот додека паркирате? Многу луѓе ја имаат таа навика, а за ваквиот потег постои многу добро објаснување.
-
Експерт за лидерство: 5 чекори за успешно да ја завршите годината
Се ближи крајот на годината. Остануваат уште помалку од 100 дена до крајот на оваа 2023 година, а веќе е време да се сумираат успесите и неуспесите и да се направат планови следната да биде поуспешна од оваа.