Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Сиромаштијата е најдобра диета – народот пробува да не јаде како порано
Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот и скапотијата предизвикана од војната во Украина, во голема мера го расипа потрошувачкото расположение кај граѓаните.
-
Како конструктивно да критикувате
Критиката понекогаш, по својата природа, може да биде лична, но како личност која ја дава, треба да можеме да го одделиме она што мислиме за нечија работа и однесување на работа од она што го мислиме за таа личност.
-
Невиден скок во продажбата на ЕВ во Европа
И покрај тоа што уште најбарани се автомобилите на бензин, зголемувањето на новорегистрирани автомобили во Европа во август е токму резултат на зголемувањето на популарноста на електричните возила.
-
Џинот е прогласен за најздрав алкохолен пијалок
Џинот како пијалок е нискокалоричен, кој има придобивки за здравјето. Џинот е алкохолен пијалок добиен од плодови од смрека или бор, познати по своите исклучително лековити својства.
-
Зошто мажите што стапуваат во брак со медицински сестри се најсреќни?
Медицинските сестри се посебен вид луѓе кои се комбинација од сила и љубов
-
Како Рокфелер барал работа?
Прочитајте ја легендарната приказна за потрагата на 16-годишниот Џон Д. Рокфелер по својата прва работа
-
15 факти за левораките луѓе, мудри и покреативни
Дали и вие сте левораки? Тогаш сигурно знаете колку сте посебни, но можеби не сте ги чуле овие факти досега…
-
Што да направите кога ќе заборавите нечие име? Четири начини да се извлечете од непријатната ситуација
Колку пати сте заборавиле нечие име веднаш откако сте се запознале , а следниот пат кога ќе ја сретнете таа личност, не знаете што да правите?
-
Цитати од психологот Карл Јунг: Животот започнува во четириесеттите години, а сè дотогаш е само истражување
Прочитајте ги цитатите од познатиот психолог Карл Јунг што ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси:
-
Ви се случува ли да не може да се сетите на зборот, што ви е на врв на јазик?
Она фрустрирачко чувство кога нешто ви е на врвот на јазикот, сега има медицински назив – се нарекува летологија. Психолозите овој феномен го дефинираат како чувство, пропратено со неспособност за пронаоѓање на соодветна информација во сеќавањето.