Мојот бизнис
На секој работодавач, бизнисот му е важен исто толку колку што му е важна и грижата за вработените. Токму затоа, ви претставуваме нова рубрика која ќе се занимава исклучиво со вашиот бизнис, и совети како да го унапредите вашиот бизнис. Овде ќе прочитате низа интересни и конкретни совети за тоа како да ја вратите довербата кај клиентите и како да ја зголемите добивката со помош на можностите кои ги нудат социјалните мрежи и општо интернетот. Ви носиме и интересни податоци за тоа зошто е исплатливо да започнете со е-трговија. Ве советуваме како треба да се поставите ако во компанијата доаѓате како нов шеф и како со вас треба да се однесуваат вашите нови вработени. Ги објаснуваме предностите од тоа да се биде воркохолик. Ви ги покажуваме предностите на тим билдингот и ви откриваме дали на вашите вработени им треба тим билдинг? Ако имате премногу работа, ве советуваме како да пронајдете и вработите добар асистент. Ги советуваме младите работодавци и работобаратели кои тукушто станале надредени за тоа како да пристапат во новата кариера. И работодавците имаат стрес на работа – ве советуваме како да го избегнете стресот и ви октриваме вежби кои го намалуваат стресот. Се грижиме за вашиот бизнис и ве советуваме како да ги постигнете вашите цели во новата деловна година, а ви презентираме и забавни, но истовремено и практични содржини, од типот на: како да бидете мрзелив, а успешен. Работодавците се соочуваат со секојдневни предизвици и притоа забораваат да водат грижа за сопственото здравје. Одвојте малку време и за себе. Истовремено, преку секојдневна анализа на својот начин на работа анализирајте се себеси: дали сте добар шеф?
-
Претприемач или вработен? Што би одбрале вие?
Да се биде претприемач не значи да поседувате бизнис. Да се биде претприемач е начин на размислување.
-
Правилото 4П за успех во секој бизнис
За да бидете попродуктивни и позадоволни од вашите резултати на крајот од денот, обидете се да го следите правилото „4П“.
-
Која е тактиката со „три збора“ што ја користи познат бизнис стратег?
Крис Броган е познат во светот на бизнисот како стратег и советник, писател и говорник. Тој е Американец со 30 години работно искуство и девет објавени книги (десетта во подготовка), а клиентела му се компании со приходи од над 100 милиони.
-
За да ја зголемите продажбата, обидете се со нови нешта
Работењето со толку многу различни клиенти од различни индустрии ви ги отвора очите за нови идеи, стратегии и увиди. Секогаш сум отворена за прифаќање нови начини на размислување!, пишува Колин Франсис, експерт од областа на продажбата и стратег за продажба со бројни награди.
-
Нова деловна норма, ниту пократка ниту подолга - Како да водите Zoom состанок од 15 минути!
„Еј, може ли да имаме пократок, но поефикасен состанок?“ Тоа прашање често им го поставуваат експертите на своите клиенти.
-
Совети и трикови како да ја совладате уметноста на управување со човечките ресурси
HR - тоа е многу повеќе од само решавање на внатрешни спорови, или презентирање на прекрасна работна култура пред потенцијалните кандидати и управување со правни работи. Станува збор за обезбедување ангажирање на вработените, спроведување фер практики низ целата компанија и одржување на целокупното здравје на организацијата. Менаџерот за човечки ресурси е одговорен за сите овие индивидуални функционалности. Затоа HR секогаш е отворен за примање повратни информации, инпути и зголемување на својата мрежа. Ги решава прашањата за регрутирање,го насочува патувањето, обуката и развојот, го олеснува управувањето со перформансите и оценувањето.
-
Дали е паметно да се започне бизнис со пријатели?
Дали е паметно да се започне бизнис со пријатели, или сепак не треба да се мешаат љубовта и работа?
-
Од 1 јануари, кој сака да работи со Германци, ќе мора да работи на "германски" начин
Сите компании од Македонија кои извезуваат во Германија, но и сите наши фирми кои се добавувачи за германските инвеститори што работат во земјава, од следната година ќе треба да го почитуваат новиот закон кој ќе се применува во Германија.
-
Како преку добар Employer branding да станете идеална компанија за вработените?
Не е тајна дека добро дефинираната стратегија за брендирање на работодавачот е суштински дел од секоја компанија во градењето врвни тимови.
-
“Направи како што ќе ти кажам јас“ - повеќето менаџери не знаат да ги обучат своите вработени
Дали сте успешни во обучувањето на вашите вработени? Повеќето директори и вработени на менаџерски позиции ќе одговорат “да“ меѓутоа реалноста е многу поинаква. Зошто? Менаџерите имаат тенденција да мислат дека обучуваат кога всушност само им кажуваат на своите вработени што треба да прават.