Мојот бизнис
На секој работодавач, бизнисот му е важен исто толку колку што му е важна и грижата за вработените. Токму затоа, ви претставуваме нова рубрика која ќе се занимава исклучиво со вашиот бизнис, и совети како да го унапредите вашиот бизнис. Овде ќе прочитате низа интересни и конкретни совети за тоа како да ја вратите довербата кај клиентите и како да ја зголемите добивката со помош на можностите кои ги нудат социјалните мрежи и општо интернетот. Ви носиме и интересни податоци за тоа зошто е исплатливо да започнете со е-трговија. Ве советуваме како треба да се поставите ако во компанијата доаѓате како нов шеф и како со вас треба да се однесуваат вашите нови вработени. Ги објаснуваме предностите од тоа да се биде воркохолик. Ви ги покажуваме предностите на тим билдингот и ви откриваме дали на вашите вработени им треба тим билдинг? Ако имате премногу работа, ве советуваме како да пронајдете и вработите добар асистент. Ги советуваме младите работодавци и работобаратели кои тукушто станале надредени за тоа како да пристапат во новата кариера. И работодавците имаат стрес на работа – ве советуваме како да го избегнете стресот и ви октриваме вежби кои го намалуваат стресот. Се грижиме за вашиот бизнис и ве советуваме како да ги постигнете вашите цели во новата деловна година, а ви презентираме и забавни, но истовремено и практични содржини, од типот на: како да бидете мрзелив, а успешен. Работодавците се соочуваат со секојдневни предизвици и притоа забораваат да водат грижа за сопственото здравје. Одвојте малку време и за себе. Истовремено, преку секојдневна анализа на својот начин на работа анализирајте се себеси: дали сте добар шеф?
-
5 Совети како да бидете успешни претприемачи
Да се биде претприемач не е лесно. Многу предизвици, многу различни патишта, многу различни можности, многу закани, многу проблеми…
-
Шеф сте? Овие работи никогаш не им ги кажувајте на вработените
Имате одговорна позиција на работа и од вас зависат многу одлуки што треба да бидат донесени, во ваши раце е координацијата на тимовите, вие го имате последниот збор во компанијата… Сето тоа е во описот на работно место – шеф, но вистинскиот шеф и покрај сите притисоци, рокови и стресови, не смее да си дозволи ова да им го каже на своите вработени:
-
Катастрофален податок: Само 12 % од Македонците се задоволни на своето работно место!
Делумно се задоволни 20% но наведуваат дека ако има шанси би ја смениле работата.
-
Во кои случаи имате право на цела плата а кога работодавачот може законски да ви ја намали
Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата во целост во следните случаи на отсутност од работа на работникот:
-
Како да издејствувате побрза наплата?
Еве пет совети како да издејствувате побрза наплата:
-
Кои се вашите права и обврски при работа во вонредна состојба?
Вонредната состојба наметна и вонредни услови за работа, а со тоа и многу неизвеснот и нејаснотии и кај работобарателите и кај работодавачите. Направивме интервју со нашиот HR менаџер, Павлина Андовска во кое таа објаснува кои се вашите права и обврски во оваа ситуација:
-
Како до поквалитетни апликации на вашиот оглас?
Една од најголемите грижи што ги мачи компаниите на глобално ниво е потребата од привлекување квалитетен кадар што ќе обезбеди напредок и профитабилност за наредните години
-
Грешки кои ги правите при брендирање на вашата компанија
Не се брендирате како работодавач - Вашиот успех како компанија непосредно зависи од квалитетот и мотивираноста на вашиот тим вработени, покажете дека се грижите за нив
-
Зошто Employer Branding се разликува од регрутациски маркетинг
Employer branding и регрутациски маркетинг се два поими со комплексна меѓусебна врска: и двете работи се занимаваат со привлекување на таленти, комуникација и регрутација, но се разликуваат според начинот на постигнување на своите цели.
-
Милијардерот Ричард Бренсон советува: Кога е време да започнете со сопствен бизнис
Размислувате да започнете сопствен бизнис? Пред да го направите првиот чекор, потребно е да знаете дека треба целосно да и се посветите на идејата за да може за оживее. Тоа вклучува големи ризици, вклучувајќи и напуштање на работата на која дотогаш сте работеле. Ричард Бренсон дава совети кога е најдобриот момент за да го направите тоа.