Мојот бизнис
На секој работодавач, бизнисот му е важен исто толку колку што му е важна и грижата за вработените. Токму затоа, ви претставуваме нова рубрика која ќе се занимава исклучиво со вашиот бизнис, и совети како да го унапредите вашиот бизнис. Овде ќе прочитате низа интересни и конкретни совети за тоа како да ја вратите довербата кај клиентите и како да ја зголемите добивката со помош на можностите кои ги нудат социјалните мрежи и општо интернетот. Ви носиме и интересни податоци за тоа зошто е исплатливо да започнете со е-трговија. Ве советуваме како треба да се поставите ако во компанијата доаѓате како нов шеф и како со вас треба да се однесуваат вашите нови вработени. Ги објаснуваме предностите од тоа да се биде воркохолик. Ви ги покажуваме предностите на тим билдингот и ви откриваме дали на вашите вработени им треба тим билдинг? Ако имате премногу работа, ве советуваме како да пронајдете и вработите добар асистент. Ги советуваме младите работодавци и работобаратели кои тукушто станале надредени за тоа како да пристапат во новата кариера. И работодавците имаат стрес на работа – ве советуваме како да го избегнете стресот и ви октриваме вежби кои го намалуваат стресот. Се грижиме за вашиот бизнис и ве советуваме како да ги постигнете вашите цели во новата деловна година, а ви презентираме и забавни, но истовремено и практични содржини, од типот на: како да бидете мрзелив, а успешен. Работодавците се соочуваат со секојдневни предизвици и притоа забораваат да водат грижа за сопственото здравје. Одвојте малку време и за себе. Истовремено, преку секојдневна анализа на својот начин на работа анализирајте се себеси: дали сте добар шеф?
-
За да се биде добар шеф треба малку, но и тоа го нема
Сигурно првото нешто што ќе ви падне на ум кога ќе помислите на прашањето "Што вработените сакаат од своите шефови?" е поголема плата. Бројките покажале дека вработените сакаат нешто друго, а платата воопшто не ни била дел од листата.
-
Добро обучениот персонал е од најголема важност за бизнисот!
Важноста на обуките и развојот на вработените во хотелиерството
-
Како да му кажете на вработениот дека добил отказ
Не е лесно да им се каже на вработените дека добиле отказ. Еве неколку совети кои ќе помогнат за да го направите целиот процес што побезболен.
-
Ефективна презентација
„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
-
Овие работи НЕ СМЕЕТЕ да им ги кажете на вашите најдобри вработени
Вработените се клучен фактор за развој на секоја компанија. Без разлика дали имате нов бизнис или веќе изграден бренд, остварувањето на вашите цели, секогаш ќе оди преку вашите вработени.