Биографија
Многумина од нас кога ќе дојдат до таа фаза во животот кога биографијата претставува важна работа, целосно го менуваат погледот на неа и ја гледаат како комплицирана и тешка задача, дури и многу повеќе од тоа што навистина е. Секако дека кратката биографија е важна и од неа зависи вашето вработување, но сепак, самата нејзина форма не е секогаш пресудна, а многу често не е пресудна ниту нејзината содржина – најважно е интервјуто до кое може да дојдете со помош на добра биографија. Во текот на интервјуто, вашите способности доаѓаат до израз, додека пак во кратката биографија тие само наѕираат. Искористете го CV-то за да го истакнете тоа во што сте најдобри и дозволете си себеси малку повеќе слобода кога го составувате бидејќи слободата е рефлексија на храброста.
Постојат многу корисни совети за пишување на кратка биографија: на што треба да се внимава, кој формат да се одбере, како дизајнот на CV-то може да го привлече вниманието на личноста која го разгледува и кои работи треба да се избегнат. Иако сите тие совети можат да бидат корисни, секое CV на некој начин е уникатно и треба да биде прилагодено на вас. Тоа значи дека образецот за пишување CV кој го користи вашиот пријател можеби нема да ви одговара вам – дури и кога во неговиот случај ќе донесе позитивен резултат. При изборот на образец за вашата кратка биографија влијаат многу фактори. Образецот на Europass се препорачува како универзално решение, меѓутоа нема да ви биде од голема корист во случај да немате работно искуство. Составувањето на CV, исто како и молбата за вработување, е задача на која секој мора да и пристапи индивидуално, водејќи се примарно од сопствените достигнувања и истакнувајќи ги квалитетите кои најмногу му одат во прилог. Сепак, некои од формите и обрасците за пишување CV ги сумиравме на едно место, се со цел да ви понудиме конкретни примери и идеи за составување на вашето CV. Добро проучете ги, но не морате целосно да ги преземате, а никако немојте да ги препишувате или копирате – вашето CV е вашата лична карта и преку него се претставувате себеси и своите вештини такви какви што се и какви што сакате работодавците да ги видат. За да го постигнете тој резултат, понекогаш не е доволно да се придржувате кон една форма, туку е потребна и доза на креативност која ќе ви помогне да се издвоите од масата и да бидете уникатни.
А вие сте сигурно единствени бидејќи истите вештини во иста мера е невозможно да се најдат кај повеќе личности па затоа обидете се преку изгледот на своето CV да се пресликате себеси, а работодавците ќе го ценат тоа затоа што за работа не се бара само стручност, туку и адаптирање на вашите способности и способностите на другите вработени кои и те како ќе влијаат на вашата работа. Поради тоа, составувањето на CV е едноставна задача бидејќи од вас се бара единствено да се опиштете себеси и стручно да објасните кои работи можете да ги направите и кои работи сакате да ги правите.
-
Што се треба да содржи едно CV?
Најдобро е да го напишете на компјутер во вид на табеларен приказ.