Пријава за работа
Молбата за вработување е документ којшто, заедно со CV-то, кандидатот задолжително го приложува во својата апликација на оглас за вработување. Молбата можете да ја ипсратите во прилог како Word или PDF документ или пак како текст кој е ќе го напишете во мејлот што го испраќате до работодавачот. Доколку молбата ја испраќате како прилог, во мејлот е доволно да наведете дека се пријавувате на оглас за дадена позиција и дека во прилог се наоѓа вашата молба и кратка биографија (CV).
Молбата за вработување мора да биде прилагодена на конкретниот оглас на кој аплицирате бидејќи секој работодавач сака да види дека сте вложиле труд пред да се пријавите и малку сте истражиле за компанијата. Молбата не е документ во кој ги истакнувате вашите лични податоци (брачна состојба, број на деца, возраст и сл.), туку документ во кој накратко му ја опишувате на работодавачот причината поради која аплицирате за работното место и кои достигнувања сте ги оствариле досега, а сметате дека ве прават квалитетен кандидат.
Молбата не треба да биде подолга од една страна (А4 формат). Иако во неа не ги истакнувате вашите лични податици, важно е да знаете дека молбата не е документ во кој го прераскажувате вашето CV, туку податоците кои се таму ги правите поцелосни. Исто така, во молбата ја истакнувате вашата мотивираност да ја работите работата за која аплицирате. Значи, се работи за документ кој не би требало да содржи многу текст (никој не сака да чита есеј), туку содржина со која јасно ќе му ставите до знаење на работодавачот дека сте мотивирани за работата и какви професионални достигнувања сте оствариле до сега, и секако, како истите ќе ви помогнат за конкретната позиција за која аплицирате.
Никогаш немојте да препишувате туѓа молба за вработување или да приложите молба која претходно сте ја испратиле до некој друг работодавач. Секој работодавач го цени и препознава индивидуалниот пристап, а препишаната молба може многу лесно да се открие. Потрудете се самите да напишете неколку реченици за себе и вашиот интерес за работното место за кое аплицирате – покажете дека сте писмени, елоквентни и дека сте издвоиле време за пишување молба за тој конкретен работодавач. Таквите молби работодавачите знаат да ги ценат.
-
Како да напишете добро мотивационо писмо
Мотивационото писмо е вашата можност да се издвоите од другите!
-
Како да одговорите на прашањето за плата?
Вашата плата и Вашите потреби се две различни работи, не ги мешајте!
-
Како да напишете мотивациско писмо што секој работодавач ќе сака да го види
Да, се‘ уште е потребно да напишете мотивациско писмо кога аплицирате на оглас, но немојте да го губите своето време или времето на вашиот иден работодавач со нешто генеричко.
-
Како да напишеш добра молба за вработување?
Молбата е вовед во вашето CV и вашата понуда до компанијата на која се и се обраќате. Квалитетно напишаната молба нема да остане незабележана.