Бизнис вести
-
Зголемен прометот во индустријата
Вкупниот промет во индустријата во октомври годинава е зголемен за 2,0 отсто во споредба со истиот период лани, додека во однос на септември 2021 година бележи пад од 0,9 отсто. Во првите 10 месеци годинава, пак, пораснал за 16,6 отсто во споредба со истиот период лани.
-
Вредноста на биткоинот може да падне на нула, предупредува Централната банка на Англија
Централната банка на Англија предупреди дека Биткоинот може да стане безвреден и инвеститорите да претрпат сериозни загуби.
-
Тесла ќе прима догекоин како платежно средство
Криптовалутата догекоин, нагло порасна за дури 23 отсто во вторникот, откако Илон Маск рече дека Тесла ќе прифати догекоин како плаќање за дел од својата стока.
-
Во Германија продолжува субвенционирањето купување на електрични возила со 9.000 евра
Германската влада ќе ги продолжи субвенциите за купување електрични автомобили до следната година, најави новиот министер за економија Роберт Хабек. Купувачите на автомобили кои користат само електромотор ќе добијат најмногу 9.000 евра од Владата во 2022 година, а купувачите на хибридни модели до 6.750 евра.
-
Првиот Bitcoin ETF во светот купува биткоини за уште 212 милиони долари
Кинескиот блокчејн новинар и блогер Колин Ву објави на Твитер дека Purpose Bitcoin ETF, првата институција од ваков вид во земјата и светот што беше одобрена од регулаторите, додаде 4.342 БТК во својата каса, откако сега поседува речиси 29.000 БТК.
-
Згаснува една од најстарите програми за анализа на популарноста
„Amazon“ објави дека ќе ја затвори „Alexa.com“, една од најстарите програми за анализа на популарноста на веб-страниците.
-
Цените на големо во Германија со најбрз раст
Цените на големо во Германија во ноември се зголемија со најбрзо темпо во последните децении, покажаа новите податоци објавени денеска.
-
Раст на користењето на интернет и онлајн купувањето
Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од годинава е зголемена на 83,7 проценти опфат на домаќинствата наспроти 79,9 отсто во истиот период минатата година. Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, наспроти 81,4 отсто лани. Притоа, 87,8 проценти од мажите користеле интернет за разлика од 85,1 отсто од жените. Дури 80,5 проценти од Македонците биле активни на интернет на дневно ниво, а во однос на родовата распределба, мажите повеќе користеле интернет од жените. Соодносот е 82,6 наспроти 78,4 отсто.
-
Еврото се задржа до прагот од 1,13 долари
Еврото ја започна новата недела, останувајќи блиску до прагот од 1,13 долари, јавија германските финансиски медиуми.
-
Амазон доби казна од 1,13 милијарди евра
Италијанскиот антимонополски регулатор објави дека ја казни компанијата за е-трговија Амазон со 1,13 милијарди евра.