Бизнис вести
-
Станете дел од тимот чие мото е „Сите работат подобро заедно“ - Интересни факти зошто да се вработите во SPAR
SPAR, првично DESPAR, е холандска мултинационална компанија која обезбедува брендирање, набавки и услуги за поддршка за независни и управувани продавници за малопродажба на храна. Основана е во Холандија во 1932 година од Адријан ван Вел, а сега се состои од повеќе од 13.320 продавници во 48 земји. Името на компанијата е акроним на слоганот „Door Eendrachtig Samenwerken Profiteren Allen Regelmatig“, кој го користел ван Вел за да го опише брендот и се преведува како „Сите работат подобро заедно“.
-
Што треба да знаете за платежните картички и дозволениот минус!?
Парите што ни се броеа пред извесно време не мора ни да ги гледаме, бидејќи постои можност да се префрлат на картичката со која подоцна можеме да извршиме уплати на голем број места. Тие стануваат сè подоминантни и речиси неизбежни и од таа причина треба добро да ги запознаеме сите нивни предности и недостатоци за да можат навистина да ни послужат. Една од предностите е секако тоа што не мора да одите во банка со картичката и да подигате пари, со што ќе заштедите време (а парите секогаш ви се достапни).
-
Економските активности во ТИРЗ во 2021 година се највисоки досега од постоењето на Зоните
Економските активности во ТИРЗ во 2021 година се највисоки досега од постоењето на Зоните, а со новиот концепт за привлекување на инвестиции воведен пред една година се постигнати договори од речиси 190 милиони евра, покажува годишната анализа.
-
Цените на домовите во ЕУ се зголемија за 39 отсто од 2010-та
Кириите и цените на домовите во Европската унија продолжија да растат постојано во третиот квартал од 2021-ва година, зголемувајќи се за 1,2% и 9,2% соодветно на годишна основа, покажуваат најновите податоци на Евростат.
-
Во кој дел на Германија работниците земаат повисоки плати?
И во Германија постои јаз во висината на платите од исток на запад, но тој јаз се намалува.
-
Зголемен прометот во индустријата
Вкупниот промет во индустријата лани во ноември е зголемен за 18,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, а пораснал за 10 проценти во однос на октомври 2021 година. Во првите 11 месеци од 2021 година, пак, е поголем за 16,8 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
-
Расте пазарот на банкомати за криптовалути
За разлика од Западен Балкан, каде пазарот за крипто-банкомати е во развој, во светот тој достигна вредност од преку 75 милијарди долари. Најголемо учество во приходи, повеќе од 45 проценти, има Северна Америка.
-
Цените на нафтата надминаа 84 долари за барел
Цените на нафтата надминаа 84 долари за барел. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 66 центи повисока цена, од 81,88 долари. А претходниот трговски ден го заврши во плус од 2,99 долари.
-
Биткоинот порасна за 5 отсто за еден ден и надмина 44.000 долари
Цената на биткоинот постепено расте по остриот пад, надминувајќи 44.000 долари во средата, покажаа податоците од берзата за криптовалути Binance.
-
Зголемување на бројот на барања за азил во Германија во 2021 година
Бројот на баратели на азил во Германија лани повторно се зголемил, достигнувајќи ги бројките од пред пандемијата, со речиси 200.000 апликации, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.