Решението за овој проблем лежи во неколку многу едноставни потези во однос на навиките на корисникот, како и самиот софтвер.
По некое време, корисниците почнуваат да се жалат дека батеријата на нивниот телефон трае пократко отколку кога го купиле, дека некои апликации трошат премногу електрична енергија и дека не се задоволни од уредот затоа што тој „пребрзо се исклучува“.
Решението за овој проблем лежи во неколку многу едноставни потези во однос на навиките на корисникот, како и самиот софтвер.
Кога последен пат проверивте кои апликации најмногу ви ја трошат батеријата?
Време е да влезете во Options. Апликациите сакаат да трошат енергија од батеријата - некои толку многу што почнуваат да го компромитираат нормалното корисничко искуство. Никој не сака да посегнува по полначот неколкупати на ден, но и одењето по нова батерија исто така не е единственото решение.
Програмите како Messenger, Snapchat или Snapseed трошат многу батерија, а причината се рекламите - пред сѐ затоа што смартфонот троши енергија за да ги вчита сите. Ако рекламата е лошо дизајнирана, може да потроши многу електрична енергија.
Овие апликации трошат најмногу:
Snapchat
YouTube
Netflix
TikTok
Google Maps
Доколку батеријата не ви трае цел ден, намалете ја потрошувачката со следниве модификации,За почеток, намалете го времето по кое екранот се исклучува. Одете во Settings и изберете Display > Advanced > Screen timeout. Таму одберете интервал како половина минута. Потоа намалете ја осветленоста на екранот. Ако сакате да му наредите на вашиот смартфон да ја менува осветленоста по потреба, вклучете го адаптивното осветлување одејќи во Display > Adaptive brightness.
Конечно, можете да ги исклучите звукот и вибрациите на тастатурата. Сè што треба да направите е да отидете во Options и да изберете Sound > Advanced каде што можете да ги исклучите звукот или вибрациите. Откако го наместивте звукот, време е да ги исклучите опциите како што е mobile hotspot или ако сакате, да го исклучите автоматското поврзување на Wi-Fi.