Откако Србија најави дека е голема веројатноста на нејзината територија да е веќе влезен опасниот сој на Ковид 19- бразилскиот сој, стравот дека брзо може да стигне во Македонија е реален.
Заради тоа итно треба да се преземат мерки вели д-р Милан Ристески, поранешен директор на Клиниката за онкологија според кој во оваа ситуација најмалку што треба да се направи е да се затворат границите и да се воведат ПЦР тестови за влез во Македонија.
-Се додека постојат отворени граници на коишто не се врши никаква контрола, ние немаме никаква одбрана дали одредена варијанта ќе дојде кај нас или не. Со тоа што одредени земји од ЕУ којшто живеат од туризам навестија дека ќе ги отворат границите на сите кои се ПЦР негативни и сите што се вакцинирани. Меѓутоа не сум баш сигурен дека контролата ќе биде силна да можат отворањето на туристичката сезона да го запре ширењето на вирусот специјалистот радиотерапевт онколог Милан Ристески, за Алфа.
Сепак дел од докторите сметаат дека дури и да се случи да влезе бразилскиот тип на ковид, тој не би можел да стане доминантен и екстремно опасен.
извор: vesti.mk